Ви се нуди единствена можност да направите селфи со оваа неверојатна книга. А богами и со мене (иако тоа не е задолжително). Утре, петок, 19 април, од 18 часот гувеам на штандот на „Бегемот“ на Саемот на книгата (сала „Борис Трајковски“). Ако во некој момент видите закачена порака со мој потпис на која пишува: „Не се враќам за пет минути“, немојте веднаш да поверувате. Јас сум сепак некаков новинар. Сум отишол да испушам цигара или да си купам пиво. Во секој случај се надевам дека ќе ве видам. И дека ќе ја разграбате книгата. И потоа бескрајно ќе ме фалите. Ако не ви се свиди, може и да премолчите. Се гледаме.