Македонија се конституирала како држава многу подоцна од другите држави
на Балканот и гарант за постоење на Република Македонија се Соединетите
Американски Држави, а Македонија мора да биде дел од НАТО, вели
претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во вчерашното гостување во
емисијата „360 степени“ на МРТ1.
– Нема зошто да им се доворувам на САД, нивната политика е за големи
критики и трпи критики. Секоја држава се труди да биде дел од некои
интегративни процеси, дури и Русија која е доволна сама за себе си прави
БРИКС и ШОС. Македонија како мала држава со помалку од 2 милиони жители,
да не биде дел од некој сојуз е многу опасно.
И Југославија го формираше движењето на неврзаните, ние сме го одбрале
овој интегративен процес и мора да создаваме услови за тој пат, истакна
Јакимовски.
За односите со Русија Јакимовски вели дека ситуацијата е многу
искомплицирана и дека е невозможно да се има економски, политички или
други врски со Руската Федерација.
– Мислам дека секој мора да води сметка во какво опкружување живее.
Причината поради која се потпишувале два договори МИНСК 1 и 2 биле
проблеми во украинското општество, но Меркел кажа дека тие договори биле
само купување на време, значи двете држави се подготвувале за војна.
Апсолутно Русија е агресор во Украина, нагласи Јакимовски.
Со почит,Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“