Мислам дека нема да се случи Мицкоски да се огради од оние политики на Груевски кои навлегоа многу длабоко во сферата на демократските вредности, во смисла на слободата на изразување, слободата на медиумите која беше очајна во тоа време, до степен на квалификација од ЕК дека станува збор за заробена држава“, изјави новинарот Борјан Јовановски на поткастот „Политиканти“.