Рускиот претседател Владимир Путин во моментов не планира да ги посети четирите украински региони кои Москва ги анектираше на својата територија додека трае воениот конфликт со Киев, изјави портпаролот на Кремљ.
„Сè уште не, бидејќи има многу работа, но тоа сигурно ќе се случи по некое време“, рече Дмитриј Песков на прашањето за можноста за таква посета, пренесуваат руските агенции.
Денеска Путин потпиша договор за анексија на четири украински провинции окупирани од неговите сили – Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје.