Русите масовно ја напуштаат земјата откако претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација на 300.000 војници за војната во Украина. На видео-записи кои се објавуваат од граничните премини се гледаат колони од автомобили долги и по неколку десетици километри.
Од Кремљ тврдат дека вестите за заминувањето на воено способни мажи се „напумпани“. Овие нивни смирувачки тонови се демантиораат со слики од граничните премини на Русија со соедните земји каде се гледаат колони автомобили. Метеж од патници се создава и на аеродромите, иако цените на авио-билетите во еден правец од Русија достигнуваат илјадници евра. Колоните автомобили се регистрирани на границите на Русија со Казахстан, Монголија, Финска и со Грузија, за што сведочат бројните снимки од граничните премини.