Најстариот син на кралицата Елизабета Втора, Чарлс III е новиот крал на Британија.
Кралицата ја водеше велика Британија и монархијата низ генерации на промени, освојувајќи почит и восхит низ целиот свет за нејзината посветеност на должноста.
Кралот Чарлс Трети пред малку даде и изјава во писмена форма, во која ја потенцира тагата со која се соочува тој и неговото семејство.
„Смртта на мојата мајка, Нејзиното Височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство“. Вака ја започнува писмената изјава кралот Чарлс Трети.