Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информира дека од утре С. Македонија ќе биде домаќин на најголемата конференција за комуникатори на НАТО-алијансата.
-Чест ни е што после само две години членки на Алијансата, нам ни е доверена оваа голема одговорност и е од исклучителна важност да дадеме свој придонес во доменот на стратегиските комуникации. Ќе има над 300 учесници од земјите-членки на НАТО и партнерите. Ќе биде отворена интелектуална, политичка и стратегиска дебата, од која треба да произлезат идеи и решенија за отворените прашања од областа на стратегиските прашања’, истакна Петровска.