6.8 C
Скопје
03/12/2022 03:02
МАКТЕЛ

НА ОВОЈ ЧОВЕК ТРЕБА ДА МУ СЕ ДАДЕ ОРДЕН – ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ, ВЕЛЕШАНЕЦ ДОНИРАЛ 83 ЛИТРИ КРВ И СПАСИЛ СТОТИЦИ ЖИВОТИ!

 

За да почнете да донирате крв, освен хуманост, ви треба и храброст. Мене не ми недостигаше затоа што бев млад.

  

Велешанецот Јордан Коларов најдобро знае што значи да се помогне некому кога му е најтешко, а притоа да не праша за кого треба и колку треба, важно е да се помогне. Со 186 дарувани единици крв, 68-годишниот Јордан е балкански рекордер во крводарителство, односно тој донирал над 83 литри крв до неговата 65. година од животот.

Чичко Данчо, како што милуваат да го поздравуваат велешани на улица, три години подоцна од последното дарување ужива во пензионерскиот живот задоволен што спасил стотина животи во Македонија донирајќи ја својата крвна група 0 +.
Жали што не можел да постави уште некој рекорд, но законот за дарување крв вели дека кај нас мажите донираат еднаш на три месеци, а жените еднаш на четири месеци.

Донирав од мојата 18-годишна возраст до 65 години, колку што е законски дозволено кај нас за крводарувањето. Сакав да стигнам до 190 дарувања. Но ми се појавија здравствени проблеми и урологот ми рече да прекинам. Можев да срушам уште некој рекорд доколку имавме исто правило како во Бугарија, на пример. Таму мажите можат да даруваат на секои два месеца, а жените на секои три месеци. Ако беше овој закон кај нас, ќе дарував уште 60-ина крвни единици, што ќе значеше дека ќе спасев уште десетици животи – рече Коларов.

Најуспешниот крводарител на Балканот првпат донирал крв во далечната 1971 година кога учел средно училиште во Гостивар.

– За да почнете да донирате крв, освен хуманост, ви треба и храброст. Мене не ми недостигаше затоа што бев млад. Се сеќавам дека се случи голема сообраќајна несреќа во Маврово. Група лекари дојдоа на училиште и побараа крвни единици за настраданите. Нивниот говор за хуманоста и за тоа што ќе значи моето дарување силно ме мотивира и решив да донирам првпат – откри велешкиот крводарител.

Колку што има донирано крвни единици, уште најмалку толку луѓе убедил да бидат редовни крводарители како него. Дарувањето во семејството Коларови станало долгогодишна традиција, а Јордан мотивирал околу 50 негови блиски и далечни роднини да му се приклучат во хуманитарното движење.

– Јас го поминав работниот век во велешката топилница. Благодарение на мојот пристап, го убедив цел погон за изработка на сребрен накит, од кој 99% беа жени, да даруваат крв. Тоа е само една од акциите што сум ги организирал во работни организации. А акциите со Црвениот крст не можам ниту да ги избројам – раскажа најуспешниот крводарител.
Чичко Данчо раскажа еден несекојдневен настан кој се случил пред 40 години кога со своето друштво седел до доцна во кафеана, а следното утро требало да даруваат крв.

– Требаше да донираме во 8 часот наутро и бевме спиени само три часа. Дадовме крв и заминавме на теренска работа во Неготино. По некое време ни се јави докторот од болницата во Велес да нѐ праша што сме правеле претходната ноќ затоа што пациентот што ја примил нашата крв, кога се разбудил, побарал од лекарот да му донесе „една салата со мастика“. Можеби му се причинило дека тој е келнер поради белиот мантил – се пошегува чичко Данчо.

А бидејќи лекарите се првите лица што пациентите ги гледаат кога ќе се разбудат по тешка траума или операција, најголемите заслуги за хуманоста одат кај медицинскиот персонал, а не кај донаторите.

Во богатата колекција на признанија на Јордан Коларов му недостига само уште едно „благодарам“ од кој било од пациентите што ја примиле неговата крв.

– Поради специфичноста на дарувањето, ниту еднаш ниту еден пациент не ми рекол благодарам“. или на другите крводарители. Можеби звучи чудно или себично, но криво ми е затоа што тоа ќе ми беше најголемата награда во животот. Сите тие им се заблагодаруваат на лекарите затоа што тие се со нив во болницата, но не и нам иако знаеме дека сме спасиле нечиј живот – вели тој.

Дарителите знаат дека спасуваат животи, но пациентите не знаат од кого ја примиле донираната крв и веројатно затоа изостанува нивното благодарам за оние што несебично даруваат крв.
Коларов вели дека Велес има одлична крводарителска традиција, граѓаните се хумани, во градот има одличен тим на лекари трансфузиолози.
Оваа година се организираа две крводарителски акции, едната за Денот на крводарителството минатата пролет, на која биле пријавени шеесетина луѓе, а се појавиле 84 донатори на крв. Минатиот август за два дена биле собрани 200 крвни единици.

Секретарот на Црвениот крст во Велес, Орце Николов, го потврди тоа што го зборуваше Коларов. Лани биле собрани 3.390 единици крв. Годишниот план од 1.861 единица крв бил надминат за 182 %. Во 2019 година очекувале иста бројка, но ја натфрлиле за 240 % со 4.579 крвни единици. Во сезоната 2018/2019 Велес бил прв во Македонија, а за периодот 2019/2020 градот бил втор по бројот на крводарувања.
Но, на државно ниво бил забележан пад на крвните единици од околу 5.000 и тоа се должи на комерцијализацијата на крводарителството.

– Ние регистрираме нови крводарители, но задржуваме мал број од нив. Факт е дека со стекнувањето бенефити, крводарителството се комерцијализира. Не може некој со десет дарувања да има исти бенефиции како оние што имаат по стотина дарувања. Начинот на наградување треба да се смени. Зошто не се најде начин да нѐ награди државата како хуманитарци. Знам дека звучи тенденциозно затоа што сепак дарувањето крв е доброволно. Но, хуманитарци како крводарителите, пожарникарите, волонтерите не добиле сериозна награда. Некој добива заслуги од државата, што е тој позаслужен од човек кој дал живот некому – истакна најуспешниот крводарител Јордан Коларов, кој во една пригода дочекал докторка од Институтот за трансфузиологија да му рече дека крводарителите не биле многу важни затоа што сега и срце се пресадувало без крв.

ИЗВОР ФАКУЛТЕТИ.МК

         

Најново

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ КОЈ Е ФИНАНСИРАН ОД ШВЕДСКА, ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ ЛАЖЕ НА ТВ: Во моментов има повеќе медиуми што ја фалат владата од медиуми што ја критикуваат?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ: Оф роуд емисии нема затоа што Грујо падна и ВМРО ДПМНЕ веќе не ми дава по десетици иљади евра за сезона

Sase Ivanovski

(Видео) Беџети: Не се работело за дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет

Tamara Ivanovska

ДРАМА ВО КАТАР – Уругвајците ги нападнаа судиите по испаѓањето од СП, обезбедувањето едвај можеше да реагира

Tamara Ivanovska

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина!

Tamara Ivanovska

МИСТЕРИЈА: ОД КАДЕ МУ НА АПАСИЕВ 15 000 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА 25 КАНЦЕЛАРИИ НА ЛЕВИЦА ШИРУМ ЗЕМЈАТА?!

Sase Ivanovski

КОРУПЦИЈАТА ВЕ КОЧИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Американската амбасадорка ни постави дијагноза

Tamara Ivanovska

СРБИЈА СТАВИ АГЕНТ НА ПУТИН НА ЧЕЛО НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА! Остри критики за именувањето на Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ КЛУБ, ОВОЈПАТ ВО КАВАДАРЦИ! Отворањето е предвидено за 11 декември

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЛЕВИЦА ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЧАНИ, 25-ТА ПО РЕД ШИРУМ ЗЕМЈАТА, АПАСИЕВ ВЕЛИ ЦЕЛТА ИМ БИЛА ДА ЈА УНИШТАТ СДСМ

Sase Ivanovski

СЕ ЕВАКУИРААТ ЦИВИЛИ ОД ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР Двете страни разменуваат жесток оган преку реката

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА ПАЛЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ НАМЕСТО ДА ПРАВАТ КЛУБОВИ ДА НАПРАВАТ ПАРТИЈА ВО БУГАРИЈА И ДА ВЛЕЗАТ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ДА ИНИЦИРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Sase Ivanovski

ШВАЈЦАРИЈА ГИ ПРИЗЕМЈИ СРПСКИТЕ ОРЛИ И ОДИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Камерун го шокираше Бразил

Tamara Ivanovska

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ИЗБОРИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ Пресудниот гол падна во судиското продолжение

Tamara Ivanovska

„МУ БЛАГОДАРАМ НА КАТАР ЗА ЧЕСТА“ Од болница се јави кралот на фудбалот

Tamara Ivanovska

НЕ СУМ ЈА ПИПНАЛ СОПРУГАТА НА РАЈКОВИЌ Душан Влаховиќ вели дека некој сака да му го оцрни образот со лаги

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ И АРСОВСКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ СКОПЈЕ БЕЗ ЈАВЕН ТРАНСПОРТ! На тајни средби ги договараат набавките, тврди Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

Tamara Ivanovska

ДЕДОМРАЗОВЦИ, ЗАГРЕЈТЕ СЕ! Почна пријавувањето на традиционалната Дедомразовска трка

Tamara Ivanovska

ВО САД МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 175 ГОДИНИ ЗАТВОР! Асанж поднесе жалба на одлуката да го екстрадираат

Tamara Ivanovska

Закани кон Левица од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: “Затоа ќе јадат ќотек, не за џабе ќе му ја дупнеа главата!”

Tamara Ivanovska

ЛЕНИН БИЛ МИЛИОНЕР: Имам многу пари, и не се срамам дека сум богат, да не лажат дека сум имал само еден скап мотор, имам неколку скапи мотори плус и џипови имам

Sase Ivanovski

Изгореа мазда во Кисела Вода и мерцедес во Ченто

Tamara Ivanovska

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Tamara Ivanovska

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

Tamara Ivanovska

Левица го подбра Наумче: Вака ли се развива “европски” спорт како што ветуваше во кампањата за промена на името?

Tamara Ivanovska

Андоновски: Имаме сомнежи дека Ковачевски и Арсовска на тајните средби договарале бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис партнерот од коалицијата на СДСМ

Tamara Ivanovska

Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Tamara Ivanovska

Средба Бесими – Агелер: РС Македонија одлучно чекори кон ЕУ, САД значаен партнер за реформите на тој пат

Tamara Ivanovska

ПЕНДАРОВСКИ: Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Tamara Ivanovska

Бесими и Шијаочин Ју потпишаа Договор за грант од ЕУ за кофинансирање на проектот на СБ за модернизација на земјоделството

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЈОВАНОВСКИ: Се откажавме од тоа веднаш да се плати главниот долг од 60 милиони денари, бараме да ни пуштат само 5 милиони денари колку гориво да ставиме, средбата со секретарот на Град Скопје беше многу тензична, полна со емоции, буквално го молевме да ни пушти пари доведени сме до питачки стап

Sase Ivanovski

Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот

Tamara Ivanovska

85 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Tamara Ivanovska

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта

Tamara Ivanovska

Бугарија ќе и достави мало и лесно оружје на Украина

Tamara Ivanovska

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

Едночасовен телефонски разговор Путин- Шолц : Рускиот претседател ја предупредил Германија

Tamara Ivanovska

Јовановски: Речиси 1,3 милиони евра е долгот кон приватните превозници

Tamara Ivanovska

Ајде да пошумуваме заедно – Акција за пошумување на опожарено подрачје во село Петралица, општина Ранковце

Sase Ivanovski

Асанж поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права против екстрадицијата во САД

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Треба да продолжи дискусијата за прогресивното одданочување

Tamara Ivanovska

Директорката од Петровец:„На е-маилот се гледа до кои училишта е пратена пораката, зошто МВР не не контактираше?“

Tamara Ivanovska

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГОТВЕШЕ ОБРОЦИ СО ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

ЕУ ќе дозволи слободно користење мобилни телефони во авиони

Tamara Ivanovska

Блинкен: Заштитата на верските слободи низ светот е и заштита на националната безбедност на САД

Tamara Ivanovska

За Османи скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка

Tamara Ivanovska

Холандија со одлука за блокирање на Бугарија за прием во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ: Денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер имавме многу продуктивна средба со Брајан Нелсон

Tamara Ivanovska

Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ.

Tamara Ivanovska

УСАИД одбележува 30 години партнерство со Северна Македонија

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: ПЕНОВ ГРЕШИ КОГА ВЕЛИ ДЕКА ОПШТИНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ ДАВАЧКИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАГЛАВАТ ВО ДОЛГОВИ

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) САШЕ ПОЛИТИКО РАСПАЛИ ПО СТОЈАНОВСКИ: ВИЕ ВМРОВЦИТЕ САКАТЕ ЕМ ДА ЈА ИМАТЕ ТОРТАТА ЕМ ДА ЈА ИЗЕДЕТЕ ТОРТАТА, ЕПА НЕ БИВА ТАА РАБОТА

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: УСПЕАВМЕ ДА ГИ НАДГЛАСАМЕ СДСМ И ДУИ И ДА ИЗГЛАСАМЕ АМАНДМАН ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА 15% НА ПЛАТИТЕ НА БУЏЕТАРИТЕ

Tamara Ivanovska

ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ПРИВЛЕКУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ, НУДАТ СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ, МУ ПОМАГААТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: „Систина“ свртела 77 милиони евра за само една година, а „Жан Митрев“, 39 милиони евра

Sase Ivanovski

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

Tamara Ivanovska

ФАБРИКА ЗА АКУМУЛАТОРИ ТАБ МАК ПРОБИШТИП ПРОСЛАВИ 10 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ, ДЕНЕСКА ОТВОРИЈА НОВА ХАЛА

Sase Ivanovski

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Tamara Ivanovska

Со доделување на наградата „Лифт 2022“, започна малиот новогодишен саем на „Темплум“

Tamara Ivanovska

Путин паднал по скали во неговата резиденција – дали навистина е болен?

Tamara Ivanovska

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

Tamara Ivanovska

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Tamara Ivanovska

Пријавени околу 1.000 случаи на семејно насилство, жртви мажи над 100 случаи

Tamara Ivanovska

Во Германија запленети над 2.000 лажни часовници наменети за Македонија

Tamara Ivanovska

ОБЈАВЕНИ НАЈНОВИТЕ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БДП – раст од два отсто, градежништвото потфрли и слабо ја билдаше економијата

Tamara Ivanovska

Поради милионски долгови им се заканува исклучување на струјата на Клинички центар и Железница!

Tamara Ivanovska

САД со нов пакет санкции кон Северна Кореја

Tamara Ivanovska

ПОГЛЕД ОД ТРУДНИЧКИОТ СТОМАК Има работи кои на бебето баш и не му се допаѓаат

Tamara Ivanovska

КОЈ ЈА „ПРОШВЕРЦУВА“ МЕРМЕРНАТА БУБАЧКА ПРЕКУ ЈАБОЛКА? Русија забрани увоз од земјава, земјоделците загрижени, власта молчи

Tamara Ivanovska

Спасовски: Денеска ќе биде утврдено кој го возел „мерцедесот“ со флешери

Tamara Ivanovska

На 43 години ненадејно почина Виктор од ,,Амајлија бенд”

Tamara Ivanovska

Косово: Убиецот на бремената сопруга се самоуби во присуство на полицијата

Tamara Ivanovska

МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски

Tamara Ivanovska

ЗА 10% НАМАЛЕН БРОЈОТ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ВРТАТ ПРОТИВ ПУТИН ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАГИНАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Tamara Ivanovska

Жителите на Шуто Оризари:Заложници на приватните превозници на МАК ЕКСПРЕС!

Tamara Ivanovska

РУСИЈА ВО КРИЗА ПОРАДИ САНКЦИИТЕ, БАРА ОД ИНДИЈА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ЧИПОВИ, НО ИНДИЈА НЕ МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ ДОВОЛНО

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ МУ СЕ ЛУТАТ НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, СЕ ТРОШАТ ПАРИ ЗА ВОЈНАТА А ТИЕ МРЗНАТ И ГЛАДУВААТ

Tamara Ivanovska

БРЕГЗИТ КАТАСТРОФАЛЕН ВРЗ БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Tamara Ivanovska
Вчитувам....