Приведен крадец од Штип, пронајдени украдените предмети
По преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти две кривични дела сторени на 29.08. и 30.08.2022 во Штип и поради сомнение дека ги сторил делата од слобода бил лишен Р.Е.(37) од Штип, кој користел викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна. Тој се сомничи дека на 29.08.2022 на ул.„Сутјеска“ се обидел да одземе накит од жена од Штип и дека на 30.08.2022 на ул.„Христијан Карпош“ со употреба на сила од жена од Штип одзел накит.
Лицето било задржано во полициска станица и во службен разовор ги признало делата. При претрес во неговиот дом во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените предмети. Р.Е. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен бегалец од затвор, вратен на доиздржување на казната
На 01.09.2022 во 17.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.Н.(30) од Штип. Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец од Скопје за издржување казна затвор од пет години
Денеска (01.09.2022) околу 12.00 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Отсекот за потраги – Оделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.З.(53) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.