🇲🇰🇮🇹Чест ми е да му посакам добредојде на Претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија.
Ова е силна потврда за нашите традиционални пријателски односи, за поддршката во преговорите со ЕУ, за континуираната соработка во повеќе области, особено во внатрешните работи и безбедноста во изминативе неколку години, за којашто сум особено горд, бидејќи ја потврдивме заеднички со италијанската колешка, министерката Лучана Ламорџезе, и тоа во два наврати, при посетите во Скопје и во Рим.