16.8 C
Скопје
02/05/2024 12:25
МАКТЕЛ

  

     

 

Битиќи: Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан

      

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија како дел од активностите на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, што се спроведува во партнерство со УСАИД.

   

Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање:
„Ви благодарам на поканата на оваа денешна конференција, со тема на која се радувам дека во последните години го додадовме зборот, можности, наспроти проблеми.
Развојот на нашите држави е меѓузависен и само со кооперативност и компетентност можеме да го искористиме целосниот потенцијал на нашиот регион.

 

Иницијативата, со своето оригинално име „Берлински процес“ која започна во 2014 година, за подоцна да го ребрендира регионот со називот Западен Балкан, е една од најдобрите иницијативи во економска смисла кои му се случиле на овој историски турбулентен дел од Европа. Во тоа време малкумина веруваа дека нешто коренито може да се промени, за сега после скоро една декада сите да бидеме сведоци на промените кои се случуваа во изминатиот период, и несомнено дадоа огромен придонес кон поголема меѓусебна интеграција и соработка нa земјите од целиот регион.

   

     

Кога зборуваме за меѓусебната соработка, сите шест земји од регионот имаат потпишано низа билатерални и мултилатерални договори и иницијативи за слободна трговија со кои меѓусебната трговија помеѓу сите нас се одвива без никакви царински и даночни бариери.
Еден од можеби најубавите примери од периодот на пандемијата со КОВИД-19 за регионалната соработка е воведувањето на т.н. зелени коридори кои придонесоа кон многу побрз проток на стоките преку граничните премини, и минимизирање на периодот на чекање на граница на големите товарни камиони со што беше овозможен побрз и безбеден проток на стоките од една во друга држава, со целосно почитување на строгите здравствени протоколи.

Но тоа не значи дека ние сме направиле сè што е потребно како држави, и потполно сме свесни дека пред нас се крупни чекори, како во намалување или отстранување на преостанатите бариери за уште поинтензивна меѓусебна соработка, така и во создавање на посебна подлога за развој на модерни технологии со кои ќе се креираат нови високо платени работни места.

Целиот регион во кој живеат околу 18 милиони жители и кој го има започнато својот пат да стане дел од заедничкиот пазар на ЕУ каде нашите компании ќе имаат можност да ги нудат своите производи и услуги на пазар од околу 500 милиони потрошувачи, сè уште е далеку под стандардот на земјите од ЕУ, со БДП по жител на нивото од околу 30% од просекот во ЕУ.За да стигнеме до ЕУ просекот е можно, само преку меѓусебна соработка. Регионалната конкурентност, наспроти регионалната конкуренција е нашата можност, за побрзо надминување на предизвиците во модерните времиња на брзи промени.

Економиите секогаш се во зависност од добрата инфраструктура во поширока смисла на зборот, која во сите земји од регионот била целосно запоставена и со ниски стапки на инвестирање во периодот на транзиција, но сега е висок приоритет на целиот регион кој од година во година сè поинтензивно инвестира во сопствената инфраструктура и модернизација на патишта, железници, енергетски капацитети итн. Тука неминовно ќе го спомнам проектот кој нашата Влада ќе го имплементира со кој во наредните четири ипол години Северна Македонија целосно ќе ги комплетира пан-европските автопатски коридори кои поминуваат низ нашата земја: Коридорот 8 со кој добиваме излез на пристаништата во Бургас и Драч, како и Коридорот 10д со кој добиваме подобра поврзаност со нашиот јужен сосед Грција.

Голем е интересот и потребата за создавањето на заеднички пазар на труд, иницијатива која веќе се реализира помеѓу земјите од Опен Балкан, но која во секое време е отворена и за останатите земји од регионот. Постојано добиваме повици од стопанските комори и фирмите од трите држави, се интересираат како ќе се спроведува мерката. Најзаинтересирани се компаниите во ИТ секторот, туризмот и приватното здравство, како и одредени угостителски гранки, градежништво, преработувачка индустрија кои со ова ќе можат да привлечат работоспособна работна сила и да отворат нови работни места.

Со мерката практично се отстрануваат административните бариери за работен ангажман. Ако сега за работна дозвола се чека по два или три месеци и има и административни такси, со оваа мерка се отстрануваат чекањето и бирократиите и се либерализира пазарот на труд, додека платите, придонесите, сместувањето, работникот си ги обезбедува сам или пак фирмата кадешто се вработува.

Станува збор за огромна помош и огромно олеснување за фирмите кои имаат свои претставништва во нашите три држави. Полесно да отвораат нови работни места, офлајн и онлајн и полесно да ангажираат работни кадри и за нив да обезбедуваат добри плати и добри услови за работа. Станува збор за регионална конкурентност на пазарот на трудот која со сигурност ќе придонесе кон покачување на платите.

Покрај ова, јас во различни состаноци со претставници од вашите земји ја отворам темата за креирање на заедничка платформа и стратегија за привлекување на странски директни инвестиции, што ќе ни овозможи да привлекуваме индустрии кои ќе креираат голем синџир на набавки во сите наши земји и така нема да се натпреваруваме и конкурираме туку заеднички ќе работиме да ги издигнеме нашите домашни компании да можат да се вклучат во меѓународни синџири на набавки со светски стандарди.

Имено, со ваква сеопфатна политика ние во значителна мера ќе придонесеме и за намалувања на миграциите од нашите земји на нашите млади, бидејќи ќе им дадеме поголеми шанси и можности за кариера дома – во Западниот Балкан.Секако, регионалната соработка овозможува раст и развој на економиите. Предизвиците не се пречка, тие се шанса заедно да ги надминеме и заедно да ги мултиплицираме шансите и можностите кои се отвораат пред нас.

Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се зацврстува економската соработка и инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка.Продлабочувањето на економската интеграција и соработка помеѓу државите од Западен Балкан преку сите постоечки иницијативи е приоритет на сите народи од нашиот регион. Ова треба да биде Балканот на 21-от век.Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан“.

    

Најново

130 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ РАЗНОГЛАСИЈА И ПОДЕЛБИ Да ги зацврстиме единството и слогата, порача г.г. Стефан во Велигденското послание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАД 1 МИЛИОН ГРУЗИЈЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОРУСКАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Sase Ivanovski

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Се обврзуваме на 50 милиони евра директна помош за културата и нови телевизиски проекти на македонски јазик!

Sase Ivanovski

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Sase Ivanovski

Пронајдено исчезнатото 5-годишно дете во Сарај

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најголемиот дел од руското влијание во Македонија за жал влегува преку медиумите

Sase Ivanovski

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Sase Ivanovski

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Sase Ivanovski

Трендафиловски: Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Sase Ivanovski

Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКИ СМО ДРАГАНЕ: СЕ ЗАГЛАВИ АВТОБУСОТ НА КОЈ ВУЧИЌ, ПИКСИ И МИЛОРАД ДОДИЌ РАЗГЛЕДУВАА НОВ СТАДИОН

Sase Ivanovski

Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОРУСКИ БАРАБИ ГО ПРЕТЕПАЛЕ ГРУЗИСКИОТ ПРОЗАПАДЕН ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР, СЕ ПОЈАВИ НА РАБОТА ЦЕЛИОТ ВО ЗАВОЈ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците

Sase Ivanovski

Ископана човечка коска во дворот на Клинички

Sase Ivanovski

ТЕК ЧЕ ДА ТИ БУДЕ ЖАОООО – Изет Меџити: Жал ни е што ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики кои мислевме дека ги заборавиле

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: САМО СИЛЕН СИНДИКАТ Е ГАРАНТ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Sase Ivanovski

ТВ 21 открива што се случуваше зад кадарот на претседателската дебата

Sase Ivanovski

Блинкен му повтори на Нетанјаху дека САД се против израелски напад на Рафа

Sase Ivanovski

Мојсовски и Димевски тврдат дека против нив се води хајка – невиноста, велат, ќе ја докажат пред судот

Sase Ivanovski

Филипче од Дојран: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Sase Ivanovski

Европски фронт: Ветингот – услов за нова Влада

Sase Ivanovski

ДЕСПОТОВСКИ: По изборите, ново раководство на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И СО ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА: Багерите во рудниците во Австралија се оперираат далечински од Јужна Африка

Sase Ivanovski

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот: Носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно

Sase Ivanovski

НЕ Е САМО СКОПЈЕ: И БЕЛГРАД ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАЗНИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....