Запрашан кога последен пат се сретнал со американската амбасадорка Анџела Агелар, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски во емисијата 360 степени на Алсат М изјави:
– Имам редовно средби со неа но не знам зошто не се објавуваат фотки и соопштенија од тие средби.
Ова е многу интересна изјава на Мицковски, признава дека американската амбасада го ставила под ПР мраз и ова е дипломатска порака дека после ова ќе следи и ставање на црната листа на Стејт Департмент. Ова е голем пораз за ВМРО ДПМНЕ, човекот си игра со оган и оди по тенко јаже.