Раперот Крис Кинг беше брутално убиен во пукање што се случи во центарот на Нешвил, Тенеси, додека тој бил во друштво со пријателите.
Раперот Крис Кинг беше брутално убиен во пукање што се случи во центарот на Нешвил, Тенеси, додека тој бил во друштво со пријателите. Според полициското соопштение, неколку моменти пред пукањето, тројца мажи и пришле на групата и се обиделе да ги ограбат, по што се случил трагичен инцидент. По пукањето, Кинг бил итно пренесен во медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, каде за жал, починал од повредите.
– Дваесет и деветгодишната жртва изјавила дека групата се забавувала некое време пред тројцата осомничени да се обидат да ја ограбат неговата група пријатели. Тогаш слушнал пукање и сфатил дека е погоден – се вели во соопштението кое го пренесоа американските медиуми.
По веста за смртта на Кинг, многу познати пријатели, меѓу кои Џастин Бибер, Машин Ган Кели, Кики Палмер и Трипи Ред, му оддадоа почест на раперот преку социјалните мрежи. Кинг беше познат по неговата блиска врска со овие музички ѕвезди, а неговата ненадејна смрт ја остави музичката индустрија во шок.