15.8 C
Скопје
03/05/2024 00:17
МАКТЕЛ

  

     

 

Народната банка – домаќин на јавна дебата за мерливоста на вредностите во економијата, културата, науката…

      

   

Во рамки на одбележувањето на 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство, Народната банка е домаќин на дебата – В/редности и вредности, чија цел е преку три одделни панел дискусии да овозможи платформа за споделување на видувања и искуства за мерливоста на вредностите од повеќе сегменти од општественото живеење: економијата која е значајна за сите, културата која не надградува и науката која ја одредува иднината. Јавните дебати се одвиваат во Музејот на Народната банка, во рамки на поставката на отворената изложбата, на која се изложени историските и културни вредности преточени на македонските пари.

 

Вчера беше одржан првиот панел: „Мерливоста на вредностите: економски визури”, посветен на изградените вредности во процесот на монетарното осамостојување, утврдените цели и идни перспективи, како и на неопходните мерки за нивно зачувување кои се одговор на тековните предизвици.

   

     

Отворајќи ја дебатата, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека со одржување на макро-финансиската стабилност и со независната и силна централна банка воспоставени уште во иницијалниот бран на транзицијата, поставени се темелните вредности во економијата. „Стабилен денар, стабилни цени и стабилен банкарски систем, изградена свесност и на граѓаните и на носителите на политиките за важноста на таа стабилност за нацијата и државата, за актуелните и идните поколенија. Тоа се дел од најважните вредности коишто Народната банка ги вгради во нашата економија” потенцира Гувернерката, додавајќи дека „ Народната банка во тоа успеа заради принципите на однесување, одлучување и вреднување коишто се и нејзини институционални вредности – целосна посветеност, независност, професионализам, како и заради стандардите што одговорно ги инкорпорира во своето работење.”

Ангеловска-Бежоска се осврна на макроекономската стабилност која е основа за раст, на која влијание имаат не само монетарните, туку и структурните фактори. Притоа, подвлече, дека се неопходни сериозни промени во структурни сегменти како што се доброто владеење, владеењето на правото, во квантитетот и квалитетот на човечкиот потенцијал, во спречување на демографското опаѓање. „ Силните шокови со кои во изминативе неколку години се соочува светот, вклучително и нашава економија, уште повеќе на површина ги исфрлаат структурните слабости и критичната потреба за реформирање и зголемување на потенцијалот на економијата.” оцени Бежоска, дополнувајќи дека „предизвикот за стабилизација на инфлацијата на носителите на политиките е огромен. Како и останатите централни банки, остануваме доследни на примарниот мандат којшто го имаме, а тоа е одржување на среднорочната ценовната стабилност со сите расположливи инструменти.” Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска потсети на историската одговорност на институциите – „какви вредности ќе афирмираме и создадеме со нашите сегашни одлуки, колку во нив ќе го вградиме стекнатото искуство и научените лекции од минатото, но и колку ќе демонстрираме јасна визија за иднината.”

За главните предизвици и вредностите на носителите на економските политики на почетокот на воспоставувањето на монетарната самостојност и на пазарно ориентиран систем, како и за видувањата за мерките за справување со тековните предизвици, во контекст на забрзаниот раст на инфлацијата и забавувањето на светскиот раст, пред присутните дебатираа панелистите академици Таки Фити и Абдулменаф Беџети, поранешниот министер за финансии и поранешен член на Советот на Народна банка, Џевдет Хајредини, неизвршниот член на Советот на Народната банка, универзитетски професор и поранешен министер за финансии, Никола Поповски и универзитетската професорка при Економскиот институт при УКИМ-Скопје, Силвана Мојсовска.

Панелистите се осврнаа на одржувањето на економските вредности, како и на придонесот од Народната банка, која како што истакнаа е столб за соочување и сузбивање на инфлацијата преку примена на соодветни алатки и мерки.

Во таа насока дебатираше и академик Таки Фити истакнувајќи дека „Народната банка денес е најкредибилна економско – финансиска институција во земјата. Својот висок кредибилитет таа го стекна со одржување на ниски стапки на инфлација во целиот период по осамостојувањето на земјата, со одржување на стабилен девизен курс, со воспоставувањето на модерна регулација на банкарскиот систем, со спроведување на прудентна монетарна политика и со остварување на добра координација со фискалната политика.” Академик Фити додаде „НБРМ успешно го бранеше и го одбрани фиксниот девизен курс на денарот дури и во епизоди на сериозни кризни нарушувања, верувам, така ќе биде и успешно ќе се преброди и актуелнава криза.” Тој се осврна и на поддршката од меѓународните финансиски институции, образложувајќи дека „благодарение на аранжманите со овие институции се извршија бројни реформи на патот кон изградба на пазарна економија, успешно завршените аранжмани го јакнеа кредибилитетот на земјата и кај приватните инвеститори и особено е значајно што низ овие аранжмани, стекнавме драгоцено искуство за добра, координација на клучните политики – монетарната и фискалната.”

Потребата од содејство на монетарната политика со фискалната политика и задржување на создадените вредности на економијата, беа аспекти во дискусијата на проф. д-р Никола Поповски. Притоа, потенцира „Тоа што е многу важно за монетарната самостојност е дека таа кај нас се поклопи со две антиинфлациски програми. Антиинфлациските програми во тоа време се исто толку важни како монетарното осамостојување, бидејќи го одржаа денарот стабилен. Базично го фиксиравме курсот на денарот за марката, а потоа за еврото, заедно со релативно рестриктивна фискална политика.”

На дебатата стана збор и за потребата од поддршка на економските политики за поодржлив раст и развој, без да се ризикува макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор кои се нивни основни предуслови. За академик Абдулменаф Беџети, денешните околности и предизвици кои се надвор од можноста за наше влијание, како никогаш до сега ја наметнува потребата од дневна координација и хармонизација на носителите на политики. Беџети го поздрави досегашното работење на Народната банка и мерките кои успешно ги презема за одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс, како најсоодветни предуслови за домашната економија. Потсетувајќи и на кризните шокови во минатото, академик Беџети посочи дека „не е време за комоција на ниту една институција, ниту пак на бизнис заедница, а уште помалку на професионалната и академската заедница. Сите потенцијали, знаења и сили треба да се во насока на надминување на овој крајно тежок и предизвикувачки период.”

Говорејќи за вредностите во економијата, д-р Мојсова ги истакна конзистентноста во работењето и одговорноста, кои треба да се одлики на сите креатори на политиките. За вредностите низ призмата на економските циклуси, др. Силвана Мојсова ја потенцира нивната варијабилност во насока на експанзија и контракции. „Тековната фаза на контракција и актуелните случувања во светот поврзани со енергетската криза, неповолните промени на пазарот на храна, руската инвазија во Украина кои резултираат во негативни економски движења,” истакна Мојсова, „води кон ефект на спирала и промена на вредностите, како во монетарна смисла, така и во поширок контекст.”

За потребата од структурни реформи, особено во контекст на мерките во енергетската политика се осврна Џевдет Хајредини, кој истакна дека прашањето за решавање на потребата од електрична енергија за наминување на кризата преку вложувања во енергетските капацитети со користење на современата технологија, треба да има приоритет потенцирајќи дека „со оглед дека немаме можност да градиме од темел големи енергетски капацитети, треба да ги модернизираме постојните.”

Под модераторство на новинарот и аналитичар Мирче Јовановски, на панелот посветен на економските вредности и предизвиците со кои се соочува економијата денеска, се отвори плодна дискусијата за предизвиците од влијанието на енергетската криза, потребата од консензус на сите релевантни чинители за економската стабилност.

Во рамки на Јавната дебата „В/редности и вредности, на 5 септември ќе се одржат преостанатите два панела. Со почеток во 11 часот, на панелот насловен „Мерливоста на вредностите: интеракции”, еминентни лица од културата ќе дискутираат за вредностите создавани од уметниците и ставање на овие вредности во општествениот контекст како средства за акција и канали за комуникација. Третиот панел насловен „Мерливоста на вредностите: комплементарности и спротивности” ќе започне во 13:30 часот и е платформа на која меѓународно признати професионалци од областа на природните науки ќе дебатираат за вредностите од науката и значењето на индивидуалното знаење во одржување на вредностите во општеството.

Панелите можат да се проследат на Фејсбук и Јутјуб каналот на Народната банка на Република Северна Македонија.

    

Најново

Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК”

Sase Ivanovski

Пендаровски: Ќе продолжам да работам за стабилност на меѓуетничките односи, како гаранција за безбедност на државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Неодговорно и опасно е да се игра на картата на национализам

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Знам дека е тешко кога на Македонец ќе му го спомнеш Учк, но тоа име веќе е дел од поновата историја и не смее да биде табу тема

Sase Ivanovski

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство

Sase Ivanovski

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Сетете се на 11те години заробена држава, заробени медиуми, замолчани вработени во јавен сектор и истепани студенти

Sase Ivanovski

Пендаровски: Запрепастен сум од реториката на Силјановска во однос на настаните од 2001 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ ПОНАТАМОШНОТО ДОСЕЛУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ, СО ПРОЕКТ КУПИ КУЌА, СО СУБВЕНЦИЈА ОД 50%, ЌЕ ОХРАБРИМЕ КУПУВАЊЕ КУЌИ НАДВОР ОД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: НАЈГОЛЕМ ФИНАНСИЕР НА СДСМ Е БЕЛОРУСКИОТ КОНЗУЛ БОРЧЕ МАРКОВСКИ ОД БИТОЛА КОЈ МЛАТИ МИЛИОНИ ОД РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ПО 30 ГОДИНИ, ВМРО ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО УРБАНИ СРЕДИНИ, ДО СЕГА БЕВМЕ ПОБЕДНИЦИ САМО ВО СЕЛАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ САКА ДА БИДЕ ЛИДЕР НА СДСМ, ЗНАМ Е САМО ПРИВРЕМЕНА ПАРТИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ДУИ ЗА НОСИТЕЛ ВО ТРОЈКАТА СТАВИ ОЏА, ТОА ГО НЕМА НИТУ ВО ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Младеновска: Ќе издадеме решение за забрана за пристап на Токсикологија за здравствените работници без договор за работа

Sase Ivanovski

Ковачевски: Мојсовски секако нема да биде директор на АМС по 8 мај, без разлика дали јас ќе бидам премиер или не

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: АЦО НИКОЛОВСКИ КОЈ Е 20 ГОДИНИ ПРАТЕНИК ГИ НАРЕЧЕ ВЕНКО И ПЕНДАРОВСКИ ЏАБОЛЕБАРИ?!?!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Членството во НАТО и во ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – ова ќе бидат трите клучни столбови на кои ќе се фокусирам и во следните пет години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ ГО ОБВИНИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕКА ЗЕМАЛ ПРОВИЗИИ ОД ВАКЦИНИ?!?!

Sase Ivanovski

Мицкоски: На крајот на паметот не ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите

Sase Ivanovski

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ПОБЕДИВМЕ И ВО СТРУМИЦА НО И ВО МУРТИНО!

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ОТИДОА ДО ПЛАФОН: КАМ МАРКЕТИ ДАВААТ 50 000 ДЕНАРИ ПЛАТА ЗА МАГАЦИОНЕР?!

Sase Ivanovski

ПРАЗНИЧНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА КАМ МАРКЕТИТЕ ШИРУМ ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Во пресрет на велигденските празници, а како дел од бенефицијата за вработени (пакет производи за верски празници, согласно вероисповест), КАМ на своите вработени им додели пакет со производи, со што им го честита најголемиот христијански празник Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Од 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

И ВУЧИЌ СЕ ПРЕТЕРА СО ВЕТУВАЊАТА

Sase Ivanovski

БАКСУЗ НА ДЕНОТ: СРБИН ЗАГИНА ОД УДАР ВО БЕТОНСКИ КРСТ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: ФИЛИПЧЕ ИГРА НЕФЕР, ДЕНОВИВЕ МАСОВНО ЛЕЧИ НАРОД ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА БЕСПАРИ, КАКО ДА СЕ БОРАМ СО ТОА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тито Петковски: Според реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ми е јасно дали одиме на избори или во војна

Sase Ivanovski

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Sase Ivanovski

Битиќи: Тврдам дека нашата пoнуда е подобра од таа на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Битиќи: Јас прифаќам различности за разлика од Давкова која мене ме чита како Среќко

Sase Ivanovski

ШОК ЗА РУСИТЕ: ПОСЛЕ 25 ГОДИНИ, РУСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ГИГАНТ ГАЗПРОМ ГОДИНАТА ЈА ЗАВРШИ СО ЗАГУБА, И ТОА 7 МИЛЈАРДИ ДОЛАРИ ВО БУЛА!!!

Sase Ivanovski

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Германскиот канцелар Олаф Шолц: Гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ: БЕВ ЛИЧЕН СВЕДОК КОЛКУ СТЕВО СИЛНО СЕ БОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ!

Sase Ivanovski

ХОРОР: Грабнат, претепан и прободен скопјанец – му забраниле да оди на лекар и во полиција

Sase Ivanovski

НАРОДОВ ИЗГИНА СО МОТОРИВЕ: Двајца моторџии излетале од пат, повредена и 23-годишна сопатничка

Sase Ivanovski

ПОРАДИ НАДГРАДБА НА СИСТЕМИТЕ, ЕВН ОНЛАЈН Е ВО ПРЕКИН ДО 07.05

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ ОД КУМАНОВО

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА: СИЉАНОВСКА ПОКАЖА МНОГУ НИСКО НИВО ВО ДУЕЛИТЕ СО ПЕНДАРОВСКИ

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА: СИЉАНОВСКА СЕ ДРЗНА ДА МЕ НАВРЕДУВА ВО ПРИВАТНИ ПОРАКИ, НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПРИЈАТЕЛКИ

Sase Ivanovski

ВАНКОВСКА: ЈАС НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА СИЉАНОВСКА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: ЗАПРЕПАСТЕН СУМ ШТО СИЉАНОВСКА НЕ ЗНАЕ ШТО Е ВРХОВЕН КОМАНДАТ НА АРМИЈАТА

Sase Ivanovski

Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе удриме силно по челото на корупцијата донесена од ДУИ и СДС, ги крадат и Македонците и Албанците

Sase Ivanovski

Ромите одбиваат да молчат пред неправдата

Sase Ivanovski

ЧУДНА ИЗЈАВА НА СИЉАНОВСКА

Sase Ivanovski

Пендаровски: ДНО.Дебата на МТВ никогаш не сме договориле .Последна ќе имаме на 6 мај на тв канал 5

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова: На претседателска дебата со празно столче

Sase Ivanovski

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски откри дека нарко босовите ја спасиле и дрогата и возилата вредни милиони евра: Откривме кој ја пробил акцијата Планина” на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција која се однесува на наркобосови од Грчец и Гази Баба

Sase Ivanovski

Грозданов: Политичарите да разберат дека Македонија има скапоцени метални суровини, додека „еколошките активисти“ плашат народ со невистини

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА ПРЕД ДА БАРАШ ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ, ИСКОСИ ГО КЕЈОТ ЗМИИ ЌЕ ГИ ИЗЕДАТ СКОПЈАНИ!!!

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци подготвени за изборите на 8 мај

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ 

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

Sase Ivanovski

ЦАРЕВИ НА ДЕНОТ: СИ СЛАВАТ ПРВИ МАЈ НА КЕЈOT ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ДОКУМЕНТ) Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ДО СИЉАНОВСКА: ЗНАМ ДЕКА ВИЕ НИШТО НЕ ЗНАЕТЕ И НЕ СЕ ОД ОВДЕ, АМА КАЖЕТЕ И НА ЈАВНОСТА ЗОШТО Е МИЦКОВСКИ СЛИКАН СО НАРКО БОСОВИ?!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„САКАВ ДА СЕ ВРАТАМ УШТЕ ВО ДЕКЕМВРИ, АМА НЕ ВИ ЧИНЕШЕ ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ“ Палчо му пиша писмо на министерот Лога, а го објави партијата Десна

Sase Ivanovski

Колку трошеле туристите лани во Грција?

Sase Ivanovski

Бирмингем банкротираше, кој е следен британски град?

Sase Ivanovski

АСО: Зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност е неоправдано и без основа

Sase Ivanovski

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Sase Ivanovski

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Sase Ivanovski

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Sase Ivanovski

Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи

Sase Ivanovski

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Sase Ivanovski

„Старите рани“ непожелни во изборни кампањи

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на аеродром

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА ПИКИРА КОН СПИКЕРСКОТО СТОЛЧЕ Апасиев верува дека Левица ќе има 12 пратеника

Sase Ivanovski

ПОЗНАТ Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ПОЧИНАТАТА ДЕВОЈКА ВО ШТИП Мајка ѝ уби и запали маж во Кавадарци

Sase Ivanovski

НЕМА ДА УПОТРЕБУВАМ СЕВЕРНА Секако нема да ги тргнам таблите пред институциите, вели Силјановска

Sase Ivanovski
Вчитувам....