На само 50 километри од Кулата, каде што секоја година минуваат милиони Бугари, во 1913 година е извршено едно од најголемите злосторства против бугарскиот народ. Пред 109 години, во Серската женска гимназија на жесток начин биле масакрирани најмалку 200 Бугари, меѓу кои жени, малолетници и Евреи, јавува БГНЕС. Злосторството што е опишано во Карнегиевата анкета, не само што е заборавено, туку е и забрането да се спомнува. Самото средно училиште било запалено за да се избришат трагите веднаш по извршувањето на ова злодело.