Во акцијата биле вклучени полициите и безбедносните служби на Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Обединетите Арапски Емирати и на САД. Тринаесет лица се уапсени во Шпанија, шест во Франција, десет во Белгија, 14 во Холандија и шест во Дубаи, меѓу кои и Холанѓанец со пасош на БиХ. Во координирани акции спроведени помеѓу 8 и 19 ноември низ Европа и Обединетите Арапски Емирати е разбиен таканаречениот „суперкартел” за трговија со дрога, соопшти денеска Европол. Во акцијата се уапсени 49 осомничени членови на картелот што контролираше речиси третина од трговијата со кокаин во Европа. Обемот увезен кокаин во Европа под контрола на осомничените бил огромен, а полицијата во текот на истрагата запленила над 30 тони дрога.