Како средношколец се вклучува во народниот отпор и станува борец, а подоцна и стратег на воените походи. Козјачко-карадачкиот регион сведочел за јуначки борби на партизаните против фашистите, а победите над секогаш побројниот непријател постојано се нижеле. Но, во еден студен февруарски ден во 1944 година Карпош загинува од фашистичкиот куршум на непријателот, но не и неговите прогресивни идеи кои преку ослободувањето опстојуваат и ден денес во колективната меморија на народот.
За него народот испеал:
„На Козјак, Карадак планина
по села рамни и широки полиња,
има ли уште кој да не знае
кој е Карпош, партизан, војвода.”
Ние покажавме дека знаеме да се грижиме за оние кои го дадоа најскапоценото, својот живот, за слобода. Па, така, како Влада ја реконструиравме Куќата – музеј во Куманово во чест на херојот Карпош, а возобновена е и музејската поставка со значајни историски експонати, фотографии, предмети кои сведочат за неговите живот и дело.
Нека му се вечни споменот и славата на Х.Т. Карпош – гордоста на мое Куманово!
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, фб пост