Приведен криминалец баран со потерница, осуден на шест години затвор
Денеска (09.11.2022) во 10.30 часот на ул.„8“ во нас.Кисела Јабука-Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.(48) од Скопје. Тој бил осуден на шест години казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години и четири месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа доиздржување на казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа доиздржување на казната.
Приведени разбојници во Скопје
На 08.11.2022 околу 22.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(22) и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.11.2022 околу 20.30 часот во населба Лисиче-Скопје со закана со тврд предмет од малолетник од Скопје одзеле лични предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.