Пред десетина дена започна реконструкцијата на повеќенаменското игралиште при ООУ “Браќа Миладиновци” во Злетово, денес направив увид во текот на работите.
Овој проект е во крајна фаза, денес се поставува вештачката трева на теренот, а веќе во следната недела следи комплетирање на проектот со завршување на трибините, поставување на спортски реквизити, бележење на теренот, како и поставување на нова урбана опрема.
Општина Пробиштип во моментот реализира повеќе инфраструктурни проекти за реконструкција на улици и тротоари, како што се улиците “Ванчо Трајков”, “Крсте Мисирков”, “Марко Цепенков”, се работи и на игралиштето во населба Калниште.
Општина Пробиштип работи во насока на подобрување на условите за сите граѓани, така ќе продолжи и во иднина.