Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан, каде што географски и припаѓа регионот. Дека за ова постои свесност и во Европската Унија и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите лани, ова е момент што Република Северна Македонија годинава не треба да го пропушти. Премиерот Ковачевски нагласи дека Владата работи на справувањето со предизвиците од економско-енергетската криза, на потребните реформи и со европски начин на однесување во добрососедските односи. Претседателот на Владата, Ковачевски, изрази уверување дека нема да се дозволи, провокациите коишто доаѓаат од трети страни да наштетат на европската агенда на државата и на билатералните односи со Република Бугарија. На средбата е разговарано и за досегашната успешна реализација на билатералниот скрининг со ЕУ.