Продолжува трендот членови на раководните органи на Комерцијална банка да купуваат акции на нашата најголема банка, и најуспешна банка за минатата година, а која тукушто објави дека ќе дели дивиденда од 910 денари по акција на бруто износ за своите акционери.
Откако акции купија членовите на Управниот одбор и директори во банката, Илија Илоски и Билјана Максимовска, а неодамна дека купил акции банката објави и членот на Надзорниот одбор Горан Антевски, најновата информација е дека акции купил и членот на Надзорниот одбор, Фатмир Етеми, сопственик на градежната компанија ЗЗФ, кој и претходно има солидна количина акции во Комерцијална банка, а која сепак не надминува 5 проценти од вкупниот акционерски капитал на банката.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во известувањето од Комерцијална банка.
Инаку, на берзата пред неколку дена пристигна информација дека поминала блок тгрансакција од 500 акциои, и се претпоставува дека тие се на оние кои ги купил Етеми. Тие беа купени по цена од 16.400 денари, што значи дека овој градежен бизнисмен за нив платил вкупна сума од над 133 илјади евра.