Никогаш и никаде немам напишано или кажано дека Гоце е “Бугар”, сум изнесувал факти кои се кријат во македонската историја и фалсификуваат, а како што гледам интелигентните луѓе како Мицковски сами си го носат заклучокот. Еве што имам кажано на таа тема.
Дека целото школување на Гоце е низ бугарските егзархиски школи, дури унијатското било бугарско школо. Дека сакал да стане бугарски официр и тоа го завршил во Софија. И има фотографија со бугарска бела униформа иста таква како што гледавме на партизанските филмови. Дека станал бугарски егзархиски учител каде земал плата од бугарската егзархија и предавал на бугарски литературен јазик. Дека сите документи и приватни писма, а ги има неколку стотина се напишани на бугарски литературен јазик.
Дека заедно со Ѓ.Петров го напишале првиот статут на организацијата и ја крстиле БМОРК во која напишале дека е создадена да се бори за правата на бугарите во Македонија и Тракија,потврдено од професорите Катарџиев и од Ванчо Георгиев. Дека како член на задграничниот комитет по автоматизам бил член на Врховниот. Дека го формирал четничкиот институт заедно со потпис на Централниот комитет на Врховниот комитет и на Македонските воени братства со што тој дозволил во секоја вмровска чета да има по еден бугарски офицер.