Со оваа кандиадтура прифаќам да работам неуморно и да помагам на граѓаните кои ќе ги претставувам. Како иден пратеник ветувам достапност и вистинска грижа за секој човек, без разлика кој е и од каде доаѓа. Вака работам како доктор и неврохирург, вака работев како министер, вака ќе работам и како пратеник.
Пред нас се избори на кои граѓаните бираат помеѓу два многу различни концепти. Едниот е нашиот, кој гарантира зачувување на мирот, стабилноста и интегрирање на Македонија во Европа. Нашата порака е јасна и искрена. Од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој се заснова на дестабилизација, застој, блокади и доведување во прашање на се она што е постигнато. Нивната понуда е неискрена, нејасна и опасна за иднината на земјата.
На сите оние кои можеби решиле да се пасивизираат или се незадоволни, сакам да им испратам порака. Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши, не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи сигурна иднина за нашите деца. А јас, Венко Филипче, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар. Мојата врата ќе биде отоврена за сите.