Меѓународната хуманитарна организација „Хјуман рајтс воч“ во извештајот објавен денеска, ја обвини армијата на Буркина Фасо за масакрирање на 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во две села во февруари, јавува Би-Би-Си.

Според нивните изјави, војниците оделе од врата до врата, принудувајќи ги жителите да излезат од нивните куќи, а потоа „ги поделиле во групи пред да отворат оган врз нив“.
Еден час подоцна упаднале во селото Соро, кое се наоѓа на околу пет километри, каде убиствата биле повторени на ист начин. Во двете села војниците пукале и во оние кои се обиделе да се скријат или да побегнат, велат очевидци.
Масовните убиства најверојатно се одмазда од армијата, која ги обвини локалните селани за помагање на вооружените исламистички борци. Масакрот се случи откако бунтовниците нападнаа воен камп.