– Заклучно со 21 март, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица, со инциденца од 15,6/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 247 (86,1 проценти) со зафаќање на петнаесет различни општини, 12 лица живеат во Куманово, 11 лица се од Тетово, во Битола 6, Гостивар три, по два во Дебар и Струга и по еден случај е регистриран од Струмица, Крива Паланка, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (медијана 11,9 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (27,5 проценти), потоа се децата на возраст до 4 години (25,4 проценти), односно 41 случај (14,3 проценти) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 32 (11,1 проценти) се деца на возраст од 1 до 4 години – стои во извештајот на ИЈЗ.Од вкупниот број регистрирани случаи – 287, 157 случаи не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.
– Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација – се истакнува во извештајот на ИЈЗ.Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар) беше утврдено дека се пронајдени 15.067 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 8.243.