Токму поради тоа, маџунот претставува вистинска ризница на хранливи состојки, кој ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје.
Маџунот претставува 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Може да се користи во секојдневната исхрана за засладување на чај, млеко, мусли или пак како прелив на торти, сладоледи и колачи. Со ова не само што ќе го подобрите вкусот на вашите омилени пијалоци и јадења, туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на психофизичкото здравје.
Се препорачува за мали деца, но и за возрасни и спортисти. Тој е лек кој помага при настинки, инфекции на дишните патишта, нарушена функција на хепарот поради жолтица или алкохолозам, при психички пореметувања и прекумерна тежина. Тој е 100% природен производ кој можете да го користите и како замена за шеќер.
Нашиот екстра густ маџун доаќа во пакувања од 260 ml односно 320 грама нето производ и е најгустиот маџун што може да се најде на пазарот без вештачки додатоци и адитиви. Веќе трета година по ред нашето грозје е Сертифицирано за Органско во преод и истото е произведено под строго контролирани услови за органско грозје без употреба на пестицити, инсектициди и хербициди кои може да му наштетат на квалитетот.
Од денес достапен во @melem_od_vkusovi трговски центар Буњаковец приземје позади кај гаражата.