7.8 C
Скопје
06/05/2024 07:27
МАКТЕЛ

  

     

 

За три месеци седум деца заболени од туберкулоза, најмалото има една година

      

Доц. д-р Катерина Бошковска, педијатар и пулмолог од оваа клиника вели дека во 2020 година имало 12 евидентирани случаи, во 2021 – 5, во 2022 година девет деца заболеле од оваа болест, а во 2023 е евидентирана е највисока бројка од дури 20 заболени деца.

   

„Во 2024 година, односно за овие три месеци од календарската година, имаме 7 случаи. Во минатото, во просек сме имале по 10 случаи годишно. Македонија спаѓа во земја со ниска стапка на случаи со туберкулоза, но во пост-ковид годините, дојдоа до израз сите болести, бидејќи за време на пандемијата не се дијагностицираа доволно“, вели д-р Бошковска.

 

Болеста кај децата се лекува со антитуберкулозна терапија, а лекувањето трае најмалку шест месеци. Во првите два месеца, кога болеста е во иницијална фаза, се примаат 3 или 4 лекови, а потоа уште четири месеци се лекува со два лека.

   

     

„Најмладиот пациент кој во моментов е хоспитализиран кај нас има една година. Инаку, симптомите вклучуваат покачена телесна температура, ноќни потења, слабеење. Најчесто ни доаѓаат деца кои подолго време имале контакт со возрасни кои боледуваат од туберкулоза. Децата лежат кај нас во болница најмногу до еден месец, а потоа лекувањето продолжува дома, а терапијата е таблетарна“, информира докторката.

БСЖ вакцината штити од болеста Како што појаснува д-р Бошковска, постои БСЖ вакцина која се дава на новороденчињата уште во родилиштата и засега е добар опфатот на вакцинација.

„Има мајки кои бараат нивното бебе да не ја прими вакцината по раѓање, но сепак тоа не е толку изразено како што е случај кај другите вакцини. Од 2015 година се укинати ревакцините за туберколоза. Сепак, наша препорака е да се врати барем првата доза во второ одделение, но тоа засега не е усвоено како одлука“, вели д-р Бошковска.

Штом има деца болни од туберкулоза, тоа значи дека има и возрасни бидејќи возрасните ја пренесуваат болеста на децата. Болеста се дијагностицира по пат на рентгеолошки, имунолошки и микробиолошки иследувања.

„Ако има возрасен болен во семејството, а во истото семејство има и деца, треба да ги упатат кај нас за да може навреме да се откриваат контактите. Добро е да знаат возрасните дека тоа е болест која се лекува, тоа не треба да е табу тема, тоа е болест која не се пренесува лесно“, апелира докторката.

Меѓу заболените возрасни доминираат најработоспособните

Од вкупно 160 пријавени случаи за 2023 година, 97,5 отсто се родени во нашата земја, 111 (69.4%) се машки пол, 49 (30.6%) се женски пол. Од вкупниот број на заболени, 20 се деца (возрасна група од 0-14 години). Во бројките доминира најработно-способната возрасна група.Д-р Сеад Зејнел, директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, потсетува дека без разлика на социо-демографските карактеристики, секој може да заболи од туберкулоза.

Сепак, одредени групи на лица се со зголемен ризик да заболат од истата, а тоа се: лица кои биле во непосреден контакт со болен од туберкулоза (членови на семејството, особено децата под 5 годишна возраст), лица кои живеат со ХИВ, лица кои живеат во затворени колективи (прифатилишта за мигранти и бездомни лица, затворите, психијатриски одделенија), лица кои живеат со материјални средства под границата на сиромаштијата, хронични болни со намален имунитет (болни со дијабет, болни на имуносупресивна терапија, болни од малигни заболувања)“, вели д-р Зејнел.

Затворениците под посебен ризик Во нашата земја, додава д-р Зејнел, според ситуационата анализа и одредувањето на приоритетите на овој здравствен проблем, како ризични групи, под број еден се идентифицирани оние популации во затворените институции каде имаме долг претстој во затворен простор, како што се казнено-поправните установи (затворите) и психијатриските болници.

„Заради повеќе директни и индиректи контрибутивни фактори, истите се сметаат за потенцијални жаришта на туберкулозата со можност за прелевање и во општата популација поради што сите наши интервенции на активното откривање на случаите се насочени кон овие ризични групи, со редовни годишни скрининг активности, дополнителни испитувања, како и близок контакт со соодветните институции заради континуирано подобрување на нашите заеднички активности. Понатаму, како дел од активното откривање на случаите, секогаш стоиме на располагање да извршиме скрининг со радиофотографирање со помош на нашата мобилна клиника (флуоробус) во прифатилиштата за бездомните лица, како и спорадични теренски акции воприфатилиштата за мигранти и бегалци, каде сме секогаш достапни на повик од интернационалните организации кои се грижат за оваа, исто така вулнерабилна популација“, појаснува директорот.

Потребата од дејствување против болеста е голема За да може повторно да се воспостави контролата врз туберкулозата како пред пандемијата, потребни се интензивирани напори подржани со повеќе финансии и мултисекторски пристап кој ги адресира сите детерминанти на туберкулозата, како што се сиромаштијата, потхранетоста, ХИВ инфекцијата, пушењето и дијабетесот.

Потребата од дејствување е уште поголема токму поради светската економска криза, поради која се влошуваат пошироките детерминанти на туберкулозата, како што се домашниот приход и потхранетоста. Луѓето со неухранетост се 3 пати повеќе изложени на ризик.

„Кампањите за промоција на здравјето, издигнувањето на свесноста на граѓаните за туберкулозата се интервенции кои покажале значителни резултати, како во превенцијата на болеста, така и во борбата против стигмата, која што воедно е еден од предизвиците кои ги отежнуваат нашите напори. Во сузбивањето на стигмата ние како здравствените работници треба да имаме главна улога, каде во нашиот јавен и научен дискурс потребно е да негуваме јазик кој го почитува достоинството на заболените од туберкулоза“, смета д-р Зејнел.

Од 2007 до 2019 година сме имале континуиран пад на бројот на заболени Од 2007 до 2019 година, РС Македониија имаше континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза. Од 2019 година, земјата припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, кои имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители.

„Меѓутоа, прогресот за ставање на крај на туберкулозата постигнат во светски рамки, како и кај нас во голема мера беше компромитиран од страна на ковид пандемјата. Во 2019 година имавме 199 новооктриени случаи, веќе во првата година од пандемијата (2020) имавме 148, потоа во 2021 беа пријавени 146, во 2022 пријавени 144 и минатата година (2023) ја завршивме со 160 пријавени случаи“, информира д-р Зејнел.

Овој пад на бројките на новооткриени случаи во годините на ковид-19 пандемијата е очигледен и непосреден ефект на самата ковид-10 пандемија, кој може да се протолкува како нарушување на контролата на туберкулозата и зголемување на јазот помеѓу регистрираните болни и реалната бројка.

„Овие бројки кореспондираат и со светските статистики, каде на преминот од 2019 во 2020 година, бројот на регистрирани болни се намалил токму за 25 отсто. Вкупниот број на новооткриени случаи за 2023 година е помал од 2019 година, а благо поголем од трите години на пандемијата (2020-2022) што значи дека јазот помеѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, што е цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Зејнел.

Кашлица, ноќно потење, замор…Tуберкулозата е предизвикана од бактериja (Mycobacterium tuberculosis) и најчесто ги погодува белите дробови. Таа се шири низ воздухот кога луѓето со белодробна туберкулоза кашлаат, киваат или плукаат. Човек треба да вдиши за да се зарази.

Симптомите се постојана кашлица која трае повеќе од три недели (можно е да се искашлува и крв), губење тежина, ноќно потење, висока температура (треска), замор, губење на апетит.Според последната евденција на Светската здравствена организација (СЗО), секоја година 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза (ТБ). И покрај тоа што е болест што може да се спречи и може да се излечи, 1,5 милиони луѓе умираат од ТБ секоја година, што ја прави заразен „убиец“.

Повеќето од луѓето кои се разболуваат од оваа болест живеат во земји со низок и среден приход, иако е присутна насекаде низ светот. Околу половина од сите луѓе со туберколоза може да се најдат во осум земји: Бангладеш, Кина, Индија, Индонезија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Јужна Африка.

Се проценува дека околу една четвртина од глобалната популација била заразена со бактерија на болеста, но повеќето луѓе не продлжуваат да развиваат туберкулоза, а некои ќе ја исчистат инфекцијата. Оние кои се заразени но (сè уште) не се болни од болеста, не можат да ја пренесат. Луѓето со компромитиран имунолошки систем, како што се луѓето кои живеат со ХИВ, неухранетост или дијабетес, или пак, луѓето кои користат тутун, се во поголем ризик да се разболат извор: Мета

    

Најново

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Sase Ivanovski

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда, масовно гласајте ЗА европска иднина, ЗА држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Sase Ivanovski

Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Sase Ivanovski

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Sase Ivanovski

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во повисоки плати и подобри услови за работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

Sase Ivanovski

Филипче: Разговарав со илјадници луѓе, влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари, граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Sase Ivanovski

Филипче: На верниците им посакувам денеска да се препуштат на духовниот мир во пресрет на најсветлиот празник Велигден

Sase Ivanovski

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Sase Ivanovski

Филипче на средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци: Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина

Sase Ivanovski

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

Sase Ivanovski

ЈА ИЗВЕСТИВ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Мицкоски вели дека ДУИ во првиот круг полнела гласачки кутии

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ВЛЕЧЕЛ И ГРЕБЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ Не им дозволувал да приведат побегнат затвореник

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК Е ТРЕТ Бернар Арно е најбогат во светот

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ Апасиев предлага и поголем данок за богатите

Sase Ivanovski

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“

Sase Ivanovski

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски”

Sase Ivanovski

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Sase Ivanovski

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Sase Ivanovski

„Јазикот е наша татковина“: Најубавите стихови напишани на македонски јазик

Sase Ivanovski

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

Sase Ivanovski

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Sase Ivanovski

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пожар во казино во Охрид

Sase Ivanovski

Сарачини: Излези и гласај, биди вистински сопственик на својата држава

Sase Ivanovski

Над 30 претставници на украинските медиуми остануваат во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Украинско МНР: Распишаната потерница за Зеленски е доказ за очајот на рускиот државен врв и пропаганда

Sase Ivanovski

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

Sase Ivanovski

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Sase Ivanovski

Северна Македонија доби пофалби за напорите во заштитата на жртвите на семејно насилство

Sase Ivanovski

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Sase Ivanovski

Ковачевски: Со ВМРО на власт нашето сточле во Брисел во 2030 ќе остане празно, а тие ќе ги обвинуваат граѓаните, соседите и ЕУ

Sase Ivanovski

За македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде, вели министерката Костадиновска-Стојчевска

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет

Sase Ivanovski

Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите ќе плаќаат повеќе од работниците

Sase Ivanovski

Пукање среде ресторан во Тетовско, нема повредени

Sase Ivanovski

Дете ја нападнало мајката и братот

Sase Ivanovski

Касами: Има заплашување и притисок врз гласачите од структури во полицијата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Sase Ivanovski

Заев: Со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Тренчевска: Родител 1 и родител 2 постојат само во манипулативните умови на ВМРО-ДПМНЕ, а не кај мене или во СДСМ

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година

Sase Ivanovski

Името, идентитетот, историјата и традицијата не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата – вели митрополитот Агатангел

Sase Ivanovski

Овации за Албанскиот театар и „Диво месо” во Тирана

Sase Ivanovski

Скандалозна порака на владиката Петар, како народот да гласа на изборите

Sase Ivanovski

НАУЧНИЦИ ОТКРИЛЕ ОРАНГУТАН КОЈ ЗНАЕ ДА КОРИСТИ ЛЕКОВИ ОД ТРЕВА ЗА ДА ЛЕЧИ РАНИ НА ЛИЦЕТО

Sase Ivanovski

Антикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Sase Ivanovski

Му дале полна торба ливчиња – Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Sase Ivanovski

Трагедија го потресе Скадар: Мајка монструм се фрли со трите деца во реката Бојана, најверојатно ги убила сите три деца!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕПРИСТОЈНО ДОФРЛАЊЕ ОД ПУБЛИКА НА НАСТАН НА ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ ТРЕБА ДА ПОРАБОТИ НА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО

Sase Ivanovski

МУ УДРИЈА РЕМЕТ НА МАКСО НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

ОВАА ВЕСТ НЕ Е ПАРОДИЈА: СО ПОСРЕДСТВО НА МВР И ОБСЕ, ДОГОВОРЕНО Е НА ПЛОШТАДОТ ВО ТЕТОВО ЗАВРШНИОТ МИТИНГ НА ДУИ ДА БИДЕ ВЕЧЕРВА, А НА ВРЕДИ В ПОНЕДЕЛНИК

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Традиционално како и секоја година меѓу народот, во Градец на овој голем христијански празник Велигден

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВЕЛИГДЕН ГО ДОЧЕКА СО ЗАЕВИ ВО СТРУМИЦА: Христос воскресе! Ви посакувам здравје, среќа, љубов, мир и спокој за вас и вашите најблиски

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Нов здравствен дом во Илинден. Промените на дело. По 8 мај уште посилно за Македонија!

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денеска се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Во посета на Свети Јован Крстител во Капиштец. За здравје и спасение. За многу години!

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Гоце Делчев – син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Христос воскресе! Заедно со верниците од мое Куманово во црквата „Свети Никола”, на полноќ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Благодарност до семејството Илоски од струшко Враништа за нивното топло добредојде

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: По повод големиот христијански празник Велигден со Бети и Оги присуствувавме на свечената литургија во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗА ВЕЛИГДЕН ВО БИГОРСКИ Е ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ

Sase Ivanovski

Пендаровски од Центар: Единствен начин Силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира

Sase Ivanovski

ЗМИИ ЌЕ ГИ ИЗЕДАТ СКОПЈАНИ ДОДЕКА ДАНЕЛА ТЕРА КАМПАЊА ЗА ПРАТЕНИК: СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА, ДОЦНИ И ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ – ФОТОГАЛЕРИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВОЈ КОЛКУ ЛИ ПЛАТА ЗЕМА АКО ТРЕБА СО ГЛАВАТА ДА ВЛЕЗЕ ВО ПЕЧКАТА?!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Sase Ivanovski
Вчитувам....