На 06.04.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари гранати.
За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал.
ЦУК: Неексплодираните гранати се опасни. Не ги допирајте и веднаш пријавете
ЦУК информира дека поголем број неексплодирани убојни средства, конкретно 80 минофрлачки гранати од 60 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во село Рибарци, Општина Новаци.
Регионалниот ЦУК Битола информира дека тие безбедно биле подигнати и отстранети од страна на овластениот пиротехничар од ДЗС Битола.
– Кога ќе се најдат, при прошетки на терен, неексплодирани средства од минатите војни, не треба да се фаќаат, да се поместуваат ваквите стари гранати, бомби и слични опасни неексплодирани средства, едноставно само треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за нивната локација, соопшти ЦУК