Конкретно станува збор за монтажа на фотографии од Керими каде се инсинуира дека тој земал пари од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во објавата има и елементи на етничка дискриминација.
ЗНМ смета дека вакви малициозни конструкции служат за етикетирање и деградирање на новинарите со што се поткопува новинарскиот интегритет. Ова особено е сензитивно бидејќи се случува во период на предизборие со што директно се влијае на безбедноста на новинарите и медиусмките работници во земјава.ЗНМ ќе инсистира на брза и ефикасна истрага за овие онлајн закани кон колегата Керими и ќе го следи случајот.