Вршителот на должноста премиер на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ остро ја осуди препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Косово да стане членка на организацијата, јави Танјуг.Ова е „ден на срамот во ПССЕ“ затоа што за прв пат во историјата за членство е препорачано „нешто што не е држава и што не ги исполнува основните барања во областа на човековите права и слободи“, рече Ивица Дачиќ. минатата ноќ, цитиран од Танјуг.
Тој посочи дека Приштина цели 11 години одбивала да формира Заедница на српски општини (во северно Косово), што е нивна меѓународна обврска, и спроведувала политика на терор против српскиот народ и етничко чистење.Тие со оваа одлука ги поткопаа самите основи на Советот на Европа и меѓународниот правен поредок“, нагласи Дачиќ. „За кој принцип на заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат да зборуваат кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија“, праша тој реторички.