Според информациите, пожароти избил во напуштена куќа и како што соопшти Звонко Томески, командирот на скопската противпожарна бригада, ова не е првпат да има пожар во оваа куќа.На терен се две противпожарни возила и шестмина пожарникари кои интервенираат на гасење на пожарот.
„Пожарот е во напуштена куќа зад хотелот. Пожарникарите сè уште интервенираат“,изјави Томески во разговор за „360 степени“.Засега нема информации за повредени лица, а најверојатно причинета е само материјална штета.Во куќата имало отпад и хартии, а се претпоставува дека таму престојувале бездомници.