Денес, по иницијатива и покровителство на првата дама, Elizabeta Gjorgievska, Kristijan Kalinov и Mila Tasevska како преставници на Ретвитни oброк-Retweet a meal и Toni Stankovski како преставник на Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness имаа прилика да се сретнат со министрите на Земјоделие и Труд и Социјала – Љупчо Николовски и Јована Тренчевска, нивни советници и преставник од Агенцијата за Храна. Оваа средба беше организирана за да се даде поддршка на повторното враќање на разгледување на Законот за Донација на Храна.
Зборувавме за првичната иницијатива на законот во 2017 до 2019, но и за потенцијалните нешта кои треба да се доработат.
Она што особено не’ радува, е дека сите страни ја согледуваат сериозната потреба овој закон да биде донесен, но и нештата кои треба да се доработат во досегашниот текст.
Како на пример:
1. Регулирање на одговорноста во донирањето – односно кога храната ќе биде донирана, тука престанува одговорноста на оној кој ја донирал.
2. Даночно олеснување на донаторите.
Поточно, нова и олеснета регулатива за поврат на данокот.
3. Регулирање на здруженијата како посредници помеѓу донаторите и корисниците.
Во 2018 на разгледување на парламентарната седница доби целосна поддршка од сите парламентарни групи, веруваме дека и сега ќе биде пречекан така од сите пратеници.