Фото: МНР-Приклучувањето на Северна Македонија кон Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани ќе одигра исклучително важна улога во градењето и јакнењето на националните капацитети за справување со овој тип предизвици. Истовремено, нашето учество ќе претставува додадена вредност, како за Центарот, така и за земјите учеснички кои се воедно членки на ЕУ и НАТО, поради можноста за наш придонес во размената на информации, искуства и најдобри практики, преку учеството на наши експерти во Центарот – изјавил Османи.
Од МНР додаваат дека Центарот може да послужи и како платформа за засилена билатерална и мултилатерална соработка со земјите-учеснички од ЕУ, во сите сегменти и домени опфатени со неговите активности, што ќе биде значајно за процесот на нашата натамошна интеграција во ЕУ.