Посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком за 2023 година го прогласија „Макпетрол“ за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании. Како резултат на стабилноста, платите што се меѓу највисоките во секторот, но и големиот број можности за професионална надградба и развој на вработените, „Макпетрол“ е избран меѓу најуспешните. Компанијата го доби ова признание на свечена манифестација организирана во чест на најуспешните работодавачи во повеќе категории.
– Нашето речиси 80-годишно присуство на пазарот е најсилната потврда за сигурноста што ја обезбедуваме за целиот тим, без разлика на позицијата. Веруваме, сепак, дека покрај стабилноста базирана на искуството, клучна причина за желбата да се биде дел од нашата организација е и грижата за вработените. Луѓето отсекогаш биле и натаму ќе бидат, носечката енергија на „Макпетрол“. Токму затоа, секогаш се обидуваме да креираме подлога и да овозможиме вработените да стекнат нови знаења, да добијат шанса да напредуваат, едноставно, да можат да ги реализираат своите замисли на професионален план. Тоа и во иднина ќе ни биде приоритет – вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директорка за човечки ресурси и внатрешна контрола во „Макпетрол“.