Христијан Мицкоски (р. 29 септември 1977 во Скопје) — македонски политичар, универзитетски професор и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Своето работно искуство го започнал како дел од научно-наставниот кадар на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2002 година.[1] Во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев,[2] а во периодот 2016–2017 бил генерален директор на АД „Електрани на Македонија“.[3]Во декември 2017 година, избран е за водач на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесеттиот конгрес на партијата во Валандово,[4] а во декември 2021 година повторно бил избран на функцијата на седумнаесеттиот конгрес на партијата во Скопје.[5]