„Се исполни она што ние го баравме – зголемено учество на обновливите извори на енергија во производството на струја. Тоа се реализираше и тоа го кажуваат и бројките. Во 2016 година во Македонија од обновливи извори се произведувала енергија само 16 мегавати, сега оваа година се произведуваат 600 мегавати, тоа е навистина голем напредок и факт е дека учеството на обновливи извори на енергија, пред се тука мислам на сонцето и ветерот Македонија е лидер во регионот.
Ние тоа сакаме да продолжи тоа и приоритет за нашиот иден ангажман е покрај компаниите кои поставуваат фотоволтаични централи, и нашите граѓани да ги почувствуваат придобивките од нашето сонце, тоа значи развој на енергетската демократија, однонсо секој покрив да стане фотонапонска централа а граѓаните многу полесно и поедноставно да можат да поставуваат фотоволтаици, а тука клучно ќе биде и формирањето на енегертски задруги“ посочи Морачанин.