„Драги студенти, додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба“ – напиша Шаќири на Фејсбук.
Тој ги повика студентите да ги искористат концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите и апелира да не дозволуваат да бидат, како што вели, изманипулирани од дезинформации и злонамерни повици.За денеска во 14 часот студентите најавија протест пред Министерството за образование и наука, на кој, како што вечат, ќе го изразат својот револт од ненавремената исплата на продолжените стипендии, задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.