🟨НСДП донесе политичка одлука за учество на партијата во европската коалиција предводена од СДСМ и избра Централен изборен штаб за претседателските и парламентарните избори со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Мики Милковски, на седница на Централниот одбор која се оддржа во Штип.
🟦Централниот одбор на НСДП едногласно дава поддршка на лидерот на владеачката коалиција Димитар Ковачевски за продолжување на активностите за окрупнување на европската коалиција со сите европски ориентирани сили во општеството.
🟨Нашата коалиција треба да ги обедини сите прогресивни сили во државата кои бараат продолжување на процесот на преговори со Европската унија се до полноправно членство, затоа што тоа е вистинскиот пат за прогрес, стандарди и сигурна иднина на граѓаните на што НСДП укажува подолго време наназад.
🟦Европската коалиција гарантира победа на претстојните парламентарни и претседателски избори и е браник против регресивните и мрачни сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, кои немаат визија за иднината и сакаат хаос, безредие и изолација на државата.
🟨НСДП исто така донесе одлука пратениците да го поддржат изборот на Јован Митревски за нов претседател на Собранието, изборот на Талат Џафери за премиер и да го поддржат изборот на техничката влада, а доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ја поддржи техничката влада предводена од Талат Џафери, тогаш НСДП нема да даде поддршка за министрите и замениците министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.
🟦Досегашниот заменик министер за економија од НСДП, воедно и потпретседател на партијата, Зоран Маневски, беше утврден како предлог за заменик министер за економија и во техничката влада.
🟨Покрај овие одлуки на седницата на Централниот одбор извештај за работењето поднесоа и избрани и именувани лица од НСДП во централната и локалната власт.
▶️⏩️ЛИНК ДО СООПШТЕНИЕТО НА ВЕБ-СТРАНАТА НА НСДП:
https://nsdp.org.mk/nsdp-donese-odluka-za-uchestvo-vo…/