Катарскиот амбасадор во САД, Мешал бин Хамад ал Тани разговарал со израелецот Авихаи Бродец, чии три деца се приведени во Газа, јавуваат израелските медиуми.Бродец, кој демонстрираше пред Министерството за одбрана на Израел во Тел Авив, му се заблагодари на катарскиот амбасадор за неговите напори за ослободување на заложниците.
Тој побара од Ал-Тани да ги продолжи преговорите за да го ослободи неговото семејство и околу триесет други деца киднапирани од екстремистите.Делегација на претставници на Хамас, предводена од членот на политичкото крило Муса Абу Марзук, вчера допатува во Москва на средба со рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов и притоа разговараше токму за оваа тема -ослободување на заложниците.Израел излезе со остра реакција за согласноста на Русија да биде домаќин на претставници на Хамас.