Тој додаде дека изненадување на вчерашните избори е и Максим Димитриевски со бројот на освоените гласови.Во однос на вториот круг и почнувањето на нула, во однос на Пендаровски, Орданоски смета дека тој може да направи подобар резултат.
„Бидејќи се споени вториот круг претседателски избори и парламентарните избори сега доаѓа доминантно математиката, бидејќи партиите сега мораат математички да се пресметаат со ова одмерување на силите, кое нема да се преслика и на парламентарните избори“ потенцираше Орданоски.