Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повика завојуваните страни во Украина и Газа да преговараат за мир бидејќи „договорениот мир е подобар од бескрајна војна“.
Ги молам, земјите во војна, сите нив, прекинете ја војната. Барајте преговори, барајте мир, рече папата во интервју за Си-Би-Ес Њуз.
Папата кажа дека секојдневно е во контакт со свештениците од Газа за да ги праша за нивните искуства и дека може да помогне да се постигне мир само преку молитва.
Зборувајќи за влијанието на војната во Украина врз децата, папата додаде дека „тие деца заборавиле како да се насмевнат“.
Многу е тешко кога детето ќе заборави да се смее. Тоа е многу сериозно, додаде првиот човек на римокатоличката црква.