21.8 C
Скопје
01/05/2024 18:08
МАКТЕЛ

  

     

 

Пендаровски за Фокус: Нема човек или партија што може да каже дека ме контролира!

      

Во вториот круг ќе ја барам поддршката од сите граѓани, од сите политички партии што сакаат и работат на тоа Македонија да го продолжи патот кон ЕУ, а не да се враќа назад во некои времиња на неизвесност. Јас кажав и стојам позади тоа – мојата, нашата платформа, ќе биде победник на изборите, вели Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ, кој на овие избори настапува под слоганот „Нашиот претседател Стево“.
од Фокус 18.04.2024

   

Во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“, актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој на претстојните избори по третпат е претседателски кандидат поддржан од СДСМ, вели дека членството во НАТО е капитална работа, но борбата против корупцијата останала на половина пат. Токму затоа, како што вели, во следниот мандат ќе се залага за целосен ветинг во судството, но и за политичарите. Тој е убеден дека во новиот парламентарен состав ќе има доволно пратеници за уставни измени, од кои дел, како што посочува, ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Разговара: Влатко СТОЈАНОВСКИ, ФОКУС.МК
ФОКУС: Што беше пресудно третпат последователно да прифатите кандидатура за претседател со поддршка на СДСМ и нивната коалиција, имајќи предвид дека анкетите ја фаворизираат Гордана Силјановска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ?
ПЕНДАРОВСКИ: Покрај широката граѓанска поддршка што ја добивав од јавни личности, професори и уметници, првата и главна причина е тоа што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Во овие пет години ги реализиравме нашите државни стратешки цели, и покрај сите тешкотии и предизвици со кои се соочивме и се соочуваме.

   

     

Јас немам ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели или најблиските соработници.
Втората причина се моите политики во делот на меѓуетничките односи, кои се, биле и ќе бидат столб на внатрешната стабилност и кохезија на македонското општество.
Јас сум Македонец, меѓутоа, не постои ниту еден единствен случај во изминативе пет години кога моето етничко потекло било причина некого да фаворизирам или да деградирам. Напротив, се грижев подеднакво за сите, без разлика на нивата етничка, верска, социјална или, пак, партиска припадност.

И трето, фактот што во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од кои било центри на политичка или економска моќ во државата. Во една пригода кажав, а сега повторувам, дека во нашата држава не постои човек или партија, кој може да каже дека ме контролира, или ги диригира моите одлуки.
ФОКУС: Што мислевте кога кажавте дека реалните анкети покажуваат дека Вие ќе бидете следниот претседател? Дали сакате да кажете дека ќе победите со пресврт во вториот изборен круг, со помош на гласовите на „помалите“ етнички заедници?
ПЕНДАРОВСКИ: Периодов се појавуваат многу анкети, дел од нив се лажни, особено оние што ги пласира опозициската партија, меѓутоа има и доста реални и имам увид до сите нив и слободно можам да кажам дека во реалните анкети, опцијата што јас ја предводам ќе биде победничка на 8 мај.

Дел од анкетите, оние реалните ја покажуваат широката меѓупартиска и меѓуетничка поддршка што ја имам и што внимателно ја градев за време на првиот мандат.
Во однос на поддршката во вториот круг, јас и тогаш, како и сега ќе ја барам поддршката од сите граѓани, од сите политички партии што сакаат и работат на тоа Македонија да го продолжи патот кон ЕУ, а не да се враќа назад во некои времиња на неизвесност.

Јас кажав и стојам позади тоа – мојата, нашата платформа, ќе биде победник на изборите на 8 мај. Програмата што ја нудам има значително поголем потенцијал од тој на противкандидатката, но и анкетите што ги правиме, покажуваат нагорен тренд во наша корист.
ФОКУС: Дали непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа ви ги искомплицира односите со ДУИ и тоа може да ја доведе во прашање потенцијалната соработка за вториот круг?
ПЕНДАРОВСКИ: Во однос на указот за Законот за игри на среќа и на средбите со граѓаните, кажувам дека не станав претседател за да исполнувам партиски обврски и непотпишувањето беше еден од многуте примери кога се држев до тоа што е правично и правно издржано.

ФОКУС: На почетокот на кампањата, рековте дека за време на 5-годишниот мандат не сте отстапиле од стратешкиот курс на државата, дека за Вас немало ниту еден скандал, афера… Колку сте задоволен од мандатот и што може да наведете како најголемо достигнување, покрај претходно споменатото, а што како слабост или пропуст?
ПЕНДАРОВСКИ: Во мојот прв мандат завршивме капитална работа, членството во НАТО, една од најзначајните одлуки на државата по независноста, затоа што многу држави прогласиле независност, но немаат безбедност на границите, територијата и заштита на идентитетот. Со влезот во Алијансата, ние го гарантираме сето она што значи суверена и независна држава.

Верувам дека во следниот мандат ќе успееме и да ги поминеме сите поглавја со ЕУ. Нема да биде лесно, но тоа ќе значи двојно поголем просперитет за граѓаните.
За жал, во борбата со корупцијата застанавме на пола пат. Чесно е да си признаеме. И токму затоа ќе се залагам за целосен ветинг во судството, но и за политичарите, а со цел јавноста да има увид во вистинските биографии и интереси на секој политичар и секој судија или обвинител. Само така можеме да ја вратиме довербата во институциите на државата.

На сето ова го додавам и фактот што низ петте години мандат поминав над 80.000 километри низ државата, се сретнав со десетици илјади граѓани, над 4.500 граѓани влегоа во мојот кабинет и на тој начин изворно се запознав со нивните проблеми за кои се залагав да бидат решени преку надлежните институции.
И покрај одредени пропусти и грешки, генерално сметам дека успеав за пет години да повратам добар дел од кредибилитетот на функцијата претседател, кој, за жал, беше сериозно нарушен во претходните десет години и двата мандати на мојот претходник.

ФОКУС: Какво мислење имате за противкандидатката Силјановска и како ги оценувате нејзините ставови со кои се лоцираат недостатоци на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, а во минатото испорачуваше критики и забелешки и кон Рамковниот договор?
ПЕНДАРОВСКИ: Мојата противкандидатка, за жал, само докажува дека во ВМРО-ДПМНЕ сè уште не е сменето ништо во однос на 11 години власт што таа партија ја практикуваше. Нивната понуда, ако такво нешто може така да се нарече, е да поништиме сè. Од Охридскиот рамковен договор, преку Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, Преговарачката рамка и друго.
Но, она што противкандидатката и нејзиниот лидер не го кажуваат е што ќе правиме ако ги раскинеме овие договори, кои се суштина на нашиот пат кон ЕУ. Каде ќе одиме? Во кое семејство ќе се зачлениме и како ќе соработуваме со соседите?

Сите тие ветувања што таа ги дава, а кои звучат привлечно за една категорија граѓани, се закана, не само за натамошната евроинтеграција, водат кон изолација од западниот свет и нашите европски партнери и се закана за состојбите и односите внатре во државата.
Сето тоа потврдува дека и на Силјановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е дојдено ниту до евроинтеграцијата, ниту до подобар живот за граѓаните, туку најважно им е да дојдат на власт и само неколку семејства, неколку групи да живеат многу добро, како што тоа впрочем беше и за време на режимот.

ФОКУС: Од СДСМ и Димитар Ковачевски велат дека имаат план за интеграција во ЕУ до 2030 година, кој ќе го спроведат заедно со Вас. Дали и колку е остварлив овој план, ако се знае дека прва пречка во тој процес се уставните измени, кои не поминаа поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ, а и по следните избори нема да може да се случат без поддршка од оваа партија, со оглед дека ќе освои над 40 пратеници?
ПЕНДАРОВСКИ: Чесно е пред граѓаните да кажеме која е нашата стратешка цел. Јас сметам дека треба да ги почитуваме договорите што сме ги постигнале и преку нив, заедно со внатрешните реформи, да продолжиме по патот на ЕУ. Сè друго не е ни опција за Македонија.
Членство во ЕУ до 2030 година е реално сценарио ако ние оваа година ги донесеме потребните уставни измени и ги отвориме првите кластери од поглавјата. Согласно моите уставни надлежности, јас во вториот мандат ќе дадам сè од себе за тој процес да успее.

Убеден сум дека во новиот парламентарен состав ќе има доволно пратеници, а дел од нив очекувам да бидат и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе дадат поддршка на измените на Уставот, со што ќе започне последната делница од патот кон ЕУ.
Што има лошо во тоа, покрај постоечките делови од народи, односно заедници во Преамбулата да се внесат уште шест? Тоа ќе ја направи нашата држава уште подемократска и културно изградена. Како што кажав, ќе биде тешко, но силно верувам дека до 2030 година може да го заокружиме овој процес.

ФОКУС: ДУИ вели дека уставните измени треба да се изгласаат пред да се изгласа владата, додека албанската опозиција сака да даде рок од 6 месеци за заокружување на оваа постапка. Како гледате на тоа? Колку, според Вас, една од овие опции е реално и возможно постизборно сценарио?
ПЕНДАРОВСКИ: Приоритет на новиот состав на Собранието ќе биде изгласување на уставните измени и очекувам тој процес да почне веднаш по изборите и, исто така, да заврши во рок предвиден со законот. Колкав би бил тој рок, јас не би шпекулирал, но јасно е дека новиот парламент ќе почне со работа, имајќи го тој притисок и таа обврска со себе.

Што побргу се донесат уставните измени, тоа ќе биде подобро, можеби ќе биде тоа за три, пет или шест месеци од денеска, но она што е исклучително важно е што добар дел од политичките опции кои сигурно ќе влезат во Собранието по 8 мај, уште сега јасно кажуваат дека прв и најважен услов за идна коалиција ќе биде носењето на уставните измени.

Реков пред некој ден, ќе повторам и сега, Македонија нема план Б пред себе. Ако не поминат уставните измени, нема членство во ЕУ, а тогаш тие што работат на блокада на европскиот пат, пред целата македонска јавност ќе мора да кажат што понатаму.
Но, како човек што верува и работи за подобра иднина на својата држава, убеден сум дека по парламентарните избори во македонското Собрание, проевропската опција ќе добие доволен број мандати за да ги заокружи уставните измени и со тоа да реализираме уште една стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ.

ФОКУС: Најавувате целосен ветинг на судиите и на обвинителите, но, како што порачавте – и на политичарите. На кој начин сметате да ја реализирате оваа заложба согласно овластувањата што ги имате и би ги имале и зошто тоа не се направило во изминативе 5 години?
ПЕНДАРОВСКИ: Во својата програма давам ветување дека ќе се залагам за спроведување на целосен ветинг на судиите, обвинителите и политичарите, и тоа не само за изминатите неколку години, туку за целиот период на независност.

Во право сте, ингеренциите се ограничени, но како претседател можам да се заложам, да дејствувам, да влијаам и обединувам, а секако со помош на нашите стратешки партнери да се отпочне тој процес, кој нема да биде лесен и брз.
Согласно уставните надлежности, пред јавноста ќе иницирам широка дебата меѓу општата и стручната јавност, се разбира со поддршка од меѓународните партнери, за создавање систем на ветинг, во кој ќе бидат опфатени сите во правосудниот систем, но и сите во политиката.

Решението што ќе произлезе од оваа дебата, секако ќе мора да помине низ законодавниот дом во форма на законско решение. И во случај да нема политичка волја за такво нешто, јас како иден претседател ќе ги искористам сите свои можности, вклучувајќи го тука и правото на вето, сѐ додека такво законско решение не биде донесено, а потоа и соодветно имплементирано.
Еднаш засекогаш мора да расчистиме со профитерите во судството и политиката. Ниту правосудниот систем, ниту политиката не се и не смеат повеќе да се гледаат како доходовен бизнис на одредени луѓе.Ако ја сакаме сопствената држава, ако сакаме децата да ни останат тука, мора да донесеме такво решение, каде што јасно ќе се поделат чесните од нечесните, профитерите од професионалците.

ФОКУС: Како ги коментирате нападите од опозицијата дека сте биле арогантен, сервилен претседател и несериозен посматрач на настаните и процесите наместо да носите одлуки? Исто така, како гледате на заканите за одговорност по изборите?
ПЕНДАРОВСКИ: Јасна ми е нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Реалните анкети за кои зборував пред малку, ниту од далеку не се совпаѓаат со нивните нарачани и наместени анкети.

ВМРО-ДПМНЕ се обиде да креира перцепција дека тие се апсолутни победници на двојните избори и дека изборниот ден ќе биде само чиста формалност. Но, уште во првата недела од кампањата се покажа дека тоа не е баш така и тоа е причината за големата нервоза и кај ВМРО-ДПМНЕ и кај мојата противкандидатка.
Во однос на заканите, ете уште еден доказ дека оваа партија не е поместена ниту милиметар од нивната режимска матрица. Христијан Мицкоски како да се кандидира за јавен обвинител или судија, а не како шпицен кандидат за претседател.

Но, и ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова и Мицкоски треба да знаат дека времето кога еден човек беше сѐ во државата, одамна заврши. А јас и по 8 мај ќе продолжам да бидам претседател за сите, вклучително и нивен претседател, како што бев во претходните пет години.
Во изминатите 5 години покажав што значи да се биде претседател на сите. Носев одлуки, кои беа во корист на граѓаните, а не на партиите и поради тоа бев критикуван од оние што ме поддржуваа. Така и ќе продолжам понатаму со отвореност, транспарентност и со инклузија на сите граѓани.

    

Најново

Што добиваат центарци со Смарт осветлувањето?

Sase Ivanovski

Честитка од претседателот Јован Митрески по повод Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Sase Ivanovski

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал

Sase Ivanovski

Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците

Sase Ivanovski

Објавен јавен повик за подигнати повеќегодишни насади, поддршка до 600 000 денари по корисник

Sase Ivanovski

500 МЛАДИ ТАНЧАРИ ИГРАА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

Sase Ivanovski

Фришопот на Силјановска ги скара Гордана и Стево. Вие и сопругот сте транзициони профитери и рече Пендаровски

Sase Ivanovski

ЦУК апелира до граѓаните – внимателно при палењето оган на отворено

Sase Ivanovski

Енес Ибрахим: Кандидатите Турци за пратеници од „Европскиот фронт“ не делат заеднички вредности, по изборите ќе ја напуштат оваа коалиција

Sase Ivanovski

Битиќи: Ефектот од програмата на СДСМ ќе биде подобар живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Апасиев за Димитриевски: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Sase Ivanovski

Пендаровски по повод 1. мај: Единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници

Sase Ivanovski

Честитка за 1. Мај од собранискиот спикер Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш!

Sase Ivanovski

Џафери за 1. Мај: Наша заложба е да ги штитиме работниците и да осигураме еднаков и фер третман за нив од работодавачите

Sase Ivanovski

ХАРИС ЏИНОВИЌ НЕ Е СИТ ОД ЉУБОВТА, СИ ФАТИ ДЕВОЈКА Таа е 15 години помлада, личи на Мелина

Sase Ivanovski

ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ДОБИЕТЕ КУСУР ВО ЛАЖНИ МОНЕТИ ОД 2 ЕВРА! Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа

Sase Ivanovski

ВЛАДИНИТЕ ОДЛУКИ НÈ ПРИНУДИЈА НА МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖА Извршниот директор на „Еуромакс ресоурцес“ зборуваше за случајот со Иловица

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 ОСАКАТЕНИ КОСТУРИ ПОД „ВОЛЧЈОТО ДУВЛО“ НА ХИТЛЕР Еден скелет е од бебе без дланки, ни стапала

Sase Ivanovski

„ГО ВЕШТАЧЕА ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДА ГИ РАЗОТКРИЈАТ ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА НАРКОКАРТЕЛОТ“ Сергеј Трифуновиќ се огласи првпат по апсењето

Sase Ivanovski

УСЈЕ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА „Ова е еден од основните принципи на компанијата“

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМАМЕ ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ НА ОТКУП НА ГРОЗЈЕТО Николоски ги израдува лозарите во Кавадарци

Sase Ivanovski

КОЈ МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИ ЧЕСТИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ? Работниците се помалку ги знаат своите права, а газдите често ги кршат

Sase Ivanovski

ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА ОД 2.967 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонски телеком оствари импресивни резултати од првиот квартал

Sase Ivanovski

ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН РАСТ НА ПРИХОДИТЕ И ИНВЕСТИЦИИТЕ НА РЕПЛЕК Во првиот квартал доминираше извозот од кој се остварени 80% од приходите

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ДОБРО ДА СЕ ЗЕМААТ КРЕДИТИ? Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50%

Sase Ivanovski

ИМАВМЕ КВАЛИТЕТЕН СОСТАНОК, ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ГИ ИМА ВО ПРОГРАМАТА 1198 Мицкоски посочи дека заедно со бизнис заедницата Македонија ќе биде подобра за сите

Sase Ivanovski

СЕ СТОПИ УВОЗОТ НА СТРУЈА Лани увезени се само 2,7% од потребите на електрична енергија

Sase Ivanovski

ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО За една година е намалено за 10,4%

Sase Ivanovski

БАТЕРИЈАТА СЕ ПОЛНИ ЗА 30-40 МИНУТИ Макпетрол и ЕВН ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила ширум Македонија

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО ЗАБРАНИМЕ УВОЗОТ НА ТУТУН Ние го вреднуваме трудот на тутунарите, порача Николоски

Sase Ivanovski

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Нема информации за повредени и за материјална штета

Sase Ivanovski

ЖЕШКА ЛАВА, ПЕПЕЛ И ЧАД ВО ВИСИНА ОД 2.000 МЕТРИ Еруптира вулканот Руанг во Индонезија

Sase Ivanovski

ПОРАНЕШНА РУСКА ШПИОНКА ОТКРИВА КАКО ГИ ЗАВЕДУВАЛА СВОИТЕ ЦЕЛИ! Овие работи се учат во тајната програма на КГБ!

Sase Ivanovski

РУСИТЕ ИЗГУБИЈА ТАКТИЧКИ ОСТРОВ КАЈ ХЕРСОН „Од ова место зависат операциите на Крим“

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА НА УКРАИНА ПРОТИВ РУСИЈА БИЛА ПЛАНИРАНА 20 ГОДИНИ! Мадуро ги разоткрива плановите на САД

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНАЛЕ НА СВАДБА, ПОТОА СЕ ОТРУЛЕ! Морничави сцени од забавата, над 100 немоќни гости побарале помош

Sase Ivanovski

„ЌЕ БИДЕМЕ ВО НАТО КОГА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ РУСИЈА“ Зеленски на средба со Столтенберг

Sase Ivanovski

„ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО ГОСПОД?“ Почина 14-годишното момче прободено со мачета во Лондон

Sase Ivanovski

ПО ПУТИН, КАРЛСОН ГО ИСПРАША И ДУГИН „Западот го мрази Путин затоа што…“

Sase Ivanovski

ТРАМП ДА СИ КАЖЕ, ПА АКО ТРЕБА, И ЌЕ СИ ПЛАТИ Ако Доналд не замолкне, судијата му се закани и со затвор

Sase Ivanovski

АПСЕЊЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ 25-годишна Србинка отпатува зад решетки

Sase Ivanovski

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ Од РСБСП излегоа со неколку препораки

Sase Ivanovski

ДА ПОБЕДИМЕ СО 3:1 РАЗЛИКА ПОРАДИ РЕКИТЕ НАРОД Покажавме единство на различностите, порача Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

ЌЕ ДЕЖУРААТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЗА ДА НЕ ТРПАТ ПАЦИЕНТИТЕ Приватните специјализанти апелираат веднаш по изборите да се реши нивната состојба

Sase Ivanovski

ГЛАСОВИТЕ ЗА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОД РАЗОЧАРАНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ Да подадеме рака кон избирачите, вели Деспотовски од СДСМ

Sase Ivanovski

ПРАВИЛОТО „ПОБЕДНИК СО ПОБЕДНИК“ Е ПРЕКРШЕНО ВО 2017 Оној кој ќе има 61 пратеник ќе ја формира идната влада, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

ЌЕ ИСПИТАМЕ СЀ ШТО СИ ПРАВЕЛ, ОД ТОЧКА ДО ЗАПИРКА! Николоски го поздрави Груби од Струмица

Sase Ivanovski

ЌЕ СЛАВИМЕ СО 8 ДО 12 ПРАТЕНИЦИ Резултатот на Левица на претседателските избори ќе биде удвоен, порача Апасиев

Sase Ivanovski

Да не се секираат ДУИ, ќе има про-европска Влада без нивните пратеници

Sase Ivanovski

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

Sase Ivanovski

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Нападот на Рафа ќе се случи без оглед на договорот

Sase Ivanovski

Интервју со Александра Шијакоска: За Велигден кај мене, за Бајрам кај Едмонд, сите празници се наши

Sase Ivanovski

Рускиот напредок задава силен удар на источниот „појас“на украинската одбрана

Sase Ivanovski

Албанците кои живеат во различни земји во светот со даночно олеснување и поддршка за отворање бизниси во Македонија, тврди Гаши

Sase Ivanovski

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

Sase Ivanovski

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Sase Ivanovski

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

Sase Ivanovski

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

Sase Ivanovski

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Кампања на „Барби“: Како општеството создава јаз во соништата помеѓу девојчињата и момчињата

Sase Ivanovski

Студентите во Колумбија немат план да престанат со протестите против војната во Газа

Sase Ivanovski

Во САД се планира марихуаната да се назначи како помалку опасна дрога

Sase Ivanovski

Војната во 2001 стана дел од реториката во изборната кампања

Sase Ivanovski

За 800 евра тетовец купил телефон кој не може да се декодира

Sase Ivanovski

Судијата Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите

Sase Ivanovski

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта

Sase Ivanovski

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ако ИЦЦ издаде налози за апсење на израелски функционери, тоа ќе биде скандал од историски размери

Sase Ivanovski

Од „Астра Зенека“ признаа дека нивната вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Sase Ivanovski

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Sase Ivanovski

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Sase Ivanovski

Ковачевски: Поддршка за СДСМ во Собранието е единствениот начин да спречиме повторно режи

Sase Ivanovski

Ковачевски: ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, исто како Груевски

Sase Ivanovski

Генерал Арсоски,  носител на кандидатската листа во ИЕ 3, од Движењето ЗНАМ за наша Македонија за Радио Лидер: Не доаѓа предвид ЗНАМ да коалицира со ова раководство на СДСМ

Sase Ivanovski

Генерал – мајор д-р Павле Арсоски: На сите политички чинители во Македонија им е јасно дека без ЗНАМ не може да се формира стабилна Влада во Македонија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Условувања не прифаќаме СДСМ е државничка партија со силни корени и вредности за кои ќе се бориме

Sase Ivanovski

Соопштение за јавност

Sase Ivanovski
Вчитувам....