10.8 C
Скопје
05/05/2024 03:19
МАКТЕЛ

  

     

 

Сега се негува стравот, а не храброста и погледите во иднината

      

Љупчо Поповски со своите анализи и ставови испишува значајна страница во македонската журналистика. Од почетоците во Млaд Борец и интервјуто со легендарниот Џони Штулиќ (Азра), преку „златната ера“ на Нова Македонија, Утрински весник, до сегашниот ангажман во порталот Независен, Поповски со децении поставува стандарди со новинарските анализи посветени на меѓународните односи, но и на состојбите во Македонија.

   

Трн:  Живееме во ера кога аргументираната дискусија умира, а се издигнуваат кратките форми, претежно во видео формат, кои пласираат едностран светоглед. Дали светот нема време за анализирање на состојбите, или новинарството доживува „преродба“ во некоја нова форма?

 

Љупчо: Прашањето е на место, но само кога се однесува за македонскиот дискурс. Луѓето овде сега не се понеобразовани или со помали светогледи отколку пред 10 или 20 години. Ако ти како новинар на читателот, дали преку стандардните медиуми или преку светот на социјалните мрежи, му нудиш сѐ покуси и покуси информации за да има некаква ударност и примат во борбата за кликови, на посреден начин и рецепиентот го навикнуваш на таква форма. Видео формите, како подкасти, на пример, стануваат многу актуелни, но тие се само дел од вкупниот информативен мозаик. Можеби тие на прв поглед, или удар, носат прегледи или читаност, но ја оставаат јавноста недоволно информирана.

   

     

Ми се чини дека основниот проблем за оваа ситуација во која се наоѓаме е страшното осиромашување на редакциите не само со квалитетни новинари, туку воопшто со квалификувани новинари. И аналитички професионалци. Журналистичкиот свет мора да си признае дека неговото златно или сребрено време во Македонија е завршено. Тоа во голема мерка е поради развојот на политичките и економските настани и затоа што издавачите ги снема во новинарската сфера. Има инвестиции, но тоа се само за преживување на големиот број електронски медиуми.

Големите американски весници „Њујорк тајмс“ и Вашингтон пост“, на пример, имаат огромен пораст на претплатите само за одредени сегменти од нивните изданија – коментарите, колумните и анализите. Затоа што до веста може да се дојде речиси инстантно, но да се прикаже што стои зад таа вест е веќе три, пет скалила погоре. За такво нешто во Македонија сега, за жал, има многу малку услови, па затоа многумина кои се занимаваат со новинарството се префрлаат на кратките форми. Не затоа што тоа е најприфатливо за читателите, туку затоа што времето и ограничените ресурси  го наметнуваат тоа. Излез од оваа спирала надолу, засега не се гледа. Веројатно треба да се појави некоја друга генерација не само на новинари, туку и на издавачи, кои ќе ја анимираат публиката на поинаков начин.

Трн:  Велат „Ако не се бавиш со политика, политиката ќе се бави со тебе“. Колку (политичката анализа) пишувањето колумни е политика, а колку литературно товрештво?

Љупчо: Не знам дали она што го пишувам има допирни точки со литературното творештво. Не би сакал да наметнам таква претенциозност. Можеби некои читатели имаат некакво мислење околу тоа, но јас само се занимавам со новинарството. Како што го правам тоа уште од 1980 година. Многумина ќе те пофалат за некој текст и тоа, се разбира, причинува задоволство (оние што тоа нема да го признаваат повеќе си прават маска за самите себеси). Но, сепак, тоа е секојдневието на една ужасно макотрпна работа и постојано образување и читање и читање и читање, како и на кој начин пишуваат и анализираат другите. И како се менува новинарството – во светските параметри – во последниве 20 години. Сега и поголемите текстови, кои се во основа информации, не почнуваат со стандардите од минатиот век – кој, зошто, како, кога и каде – туку само со една куса реченица, добро срочена, која фрла „бомба“ уште на самиот почеток, па после се објаснуваат настаните – кој ја фрлил „бомбата“ и зошто токму сега – и како понатаму во текстот да ги објасниш и да им ги претставиш на читателите ефектите на таа ударна прва реченица.

Трн:  Кај тебе постои страст за историја, но само во функција на објаснување на контекстот денес. Дали се согласуваш со фразата: Историјата е збир од лаги за кои постои договор (меѓу победниците) и кој е победникот во македонската битка за пишување историја?

Љупчо: Ми изгледа дека забелешката за историјата во прашањето е точна. Но за да посегнеш по историјата треба да знаеш одреден дел од неа и да ја поврзеш на некаков начин со одредени случување, на пример, со македонската политика. Секако, тие настани од европската или американската историја, на пример, немаат никаква врска со македонските случувања, но се трудам да ги најдам заедничките точки од контекстот. Некогаш тоа успева подобро, некогаш можеби помалку добро. Неодамна ја прочитав книгата „Хадријановите мемоари“ на Маргерит Јурсенар за славниот римски император Хадријан. Веројатно требаше да ја прочитам уште пред 30 години за подобро да ја разберам идејата на минливоста и кај најмоќните луѓе и нивното искуство во раководењето, во случајот со една голема империја. Толку многу поуки може да се најдат во книгата за функционирањето на политиката во една мала, сиромашна земја која некако чекори во демократијата што изгледа вчудоневидувачки. И тоа е едно парче од мозаикот на постојаното образување и начинот како да ги гледам, или анализирам, ако сакате, настаните што се одвиваат под македонското небо и овдешните тајни или јавни коридори. Не е прашањето дека јас сум ја прочитал „Хадријановите мемоари“ (бидејќи тоа го направиле и илјадници други), туку како да научам нешто од размислувањата на човекот кој е на самракот на неговата моќ. За после, ако може да се транспонираат или поврзат со овдешната сегашност.

Трн:  Последниве триесет и нешто години, Македонија се бори за своето место под сонцето, главно борбите се внатрешни, но под огромно влијание на глобалните случувања и глобалните играчи. Се чини секогаш сме на некој крстопат и пред историска одлука, на каде ќе тргнеме оваа година?

Љупчо: Ми се чини дека Македонците, Македонија и сите нејзини граѓани не разбираат доволно што се случува на глобален план. Па дури и на регионален. И дека не можат да ги видат текстонските поместувања. Има толку малку храброст во оваа држава што е запрепастувачки. Секој прв збор е – не, на секоја можност што се отвора. Во основа тоа е поврзано со стравот. Стравот од непознатото и од долгото патување кон некои други хоризонти. Кои, секако, се подобри од сегашниве. Македонија е зафатена од еден страшен нихилизам – ништо не чини и нема да чини. Затоа, навикни се на сиромаштијата и немој да преземаш никакви ризични чекори. Тоа не бил дел од колективниот код на Македонците, но очигледно сега доминира. Еве, да го земам случајот со внесувањето на Бугарите во Уставот. Толку многу наводни закани му се пренесуваат на македонското ткиво, што дури изгледа и чудовишно. Ќе нѐ притискале, ќе нѐ асимилирале во Европската унија, Бугарите ќе нѐ тормозеле во годините што следат, не ќе сме можеле да се извлечеме… Ако со таков менталитет беа партизаните во 1941 година кога 200, 300 од нив излегоа во планините да се борат против окупациските сили на тогашната бугарска фашистичка држава, тие ќе требало веднаш да се отакажат од борбата. Што би можеле неколку стотини партизани да направат против 20-илјадна војска и полиција. Сега се негува стравот, а не храброста и погледите во иднината. Затоа што изгледа дека со стравот најубаво се живее. И затоа постојано се зборува за историски одлуки кои никако да ги донесеме, освен во неколку многу важни случаи. Но тие случаи не го определуваат генералниот наратив – стравот од новото и стравот од предизвикот.

Трн:  Силниот замав на европската десница, предизвикува и подеднакво силен отпор и мобилизација на прогресивните сектори на општествата. Тоа го видовме во Полска, а го гледаме и деновиве на улиците во Германија, дали во земјава постои можност за таква широка мобилизација на прогресивните сили мако одговор на „фалангистичките“ движења?

Љупчо: Не се мобилизираат само прогресивните сили, туку и оние што не веруваат дека само популистите, главно од екстремната десница, се повикани да бидат единствени претставници на народот. Во Европа тоа на еклатантен начин го претставува Виктор Орбан во Унгарија, Реџеп Таип Ердоган во Турција и донеодамна де факто лидерот на Полска, Јарослав Качињски. Во Полска опозицијата, која настапуваше во три засебни колони на изборите во октомври, успеа да ја собори партијата Право и правда по осум години цврста власт, во која медиумите, судовите и сите други јавни служби ги претвори во невидена алатка не да доминира со општеството, туку и да ги поткопува неговите основни вредности. Право и правда ги доби изборите, но немаше доволно пратеници да направи влада и шокантно за неа мораше да замине во опозиција. Тие и сега, неколку месеци по губењето на власта, сѐ уште се однесуваат како да ја владеат Полска и сите обиди за демонтирање на режимот кој владееше осум години ги претставуваат како удар врз народот. И во исто време сакаат, на овој или оној начин, многу брзо да се вратат на власт. Тоа, во основа, е некаква панична реакција затоа што владата на премиерот Доналд Туск почна брзо демонтирање на лостовите на досегашната власт, најпрво во јавните медиуми. Туск во првите десетина дена по преземањето на власта изјави: „Врзете ги појасите“ за да укаже за сите промени што ќе следат. На Македонија ѝ недостигаше токму тоа во 2017 кога дојде до промена на власта. Овде никој не повика да се „врзат појасите“, туку тоа многу често беше лежерно возење. Погледнете ги само двата јавни медиуми – МТВ и Македонското радио. Таму ништо не е променето од 2015 година, истата структура, истите директори, истите уредници, кои толку добро уживаа во „режимските“ години. А во исто време, државата ги плаќа сите трошоци за функционирањето на овие два јавни сервиси. Изгледа несфатливо и парадоксално, но така е. Некои мали интереси ја поклопуваат големата слика.

Трн:  На каде оди светов?

Љупчо: На ова прашање не можеше да одговори ни неодамна починатиот Хенри Кисинџер, па би било премногу претенциозно јас да ја дадам оценката. Интересно, Кисинџер три пати ја менуваше својата оценка за тоа каде се движи светот и како треба да се поставата западните демократии спрема руската инвазија на Украина. Светот одамна не е биполарен, а заврши и ерата на униполарноста на САД. Ми изгледа дека многу паметни луѓе во Америка, а особено некои политичари, тоа не можат до крај да го разберат. Иако едно знаат – дека Кина сега е најголемиот ривал на Америка. Моќта на САД се нагризува, како и нивното влијание, иако сѐ уште се главни на глобален план. Погледнете што се случува со војната во Газа. Администрацијата на Џо Бајден нема сили да ја запре војната на Израел против Хамас, нема адекватни канали да притисне за ослободување на изралеските заложници; државниот секретар Ентони Блинкен е во петта,-шеста мисија на Блискиот Исток, а резултати нема, или се многу мали. По нападите на Хутите врз бродовите кај Аденскиот Залив ризиците за многу поширок воен конфликт се зголемуваат секој ден, а на повидок нема решение. Кина молчи и гледа од страна, затоа што е далеку од настаните. Сите чекаат Американците да ги решат проблемите. А, во исто време ним многу малку им веруваат. Тоа е слично како кај нас. Америка е најсикрениот пријател што Македонија го имала во историјата, го благословуваме сојузништвото со неа, а во исто време не сакаме да ги слушаме пријателските совети. Комплицирано, прилично комплицирано.

Трн:  Како влезе во новинарството и што би бил кога не би бил новинар?

Љупчо: Никогаш не сум помислил да бидам друго освен новинар. Додуша, по завршувањето на гимназијата мојата голема желба беше да студирам Историја на уметноста со архелогија. Најмногу поради архелогијата. Но тогаш се најави дека од ноември 1977 ќе почнат студиите по новинарство и јас ја чекав есента за да се запишам на првата генерација на новинарство. И до ден денес мислам дека не погрешив. Има одредено лично задоволство кога човек ќе се враќа наназад и верува дека донел правилна одлука.

Почнав во „Млад борец“ и од тоа време ми еден од најдрагите текстови – интервјуто со фронтменот на „Азра“, Бранимир Штулиќ – Џони, по двата едноподруго концерти во Скопје. Мислам дека сум единствениот новинар од Македонија кој имал интервју со него во времето кога ги менуваше светогледите на милиони луѓе во Југославија и чие влијание остана огромно до ден-денес преку текстовите и музиката.

 

Потоа бев во „Нова Македонија“ 16 години (од нив четири години како дописник за Централна Европа од Прага), потоа во 1999 заедно со уште четворица колеги (Ерол Ризаов, Бранко Тричковски, Манчо Митевски и Васил Мицковски) го формиравме „Утрински весник“, кој направи вистинска револуција на квалитетот во македонскиот журнализам. Таа приказна заврши тажно, како и онаа на „Дневник“ и „Вест“ заедно, еден ден по трагичниот 27 април 2017. Нивното затворање беше еден од најцрните денови на македонскиот журнализам, кога најмалку 150 новинари, исклучиетлно квалитетни, беа оставени на улица. Политиката им го зададе смртоносниот удар на трите весници во месеците пред да се случи 27 април. Крвавиот упад во Собранието беше само коинциденција.

Во целиот мој професионален век примарен интерес ми била надворешната политика, од Чиле до Австралија, сите поединечни промени што се случуваат во секоја земја и на глобално ниво. Анализите за македонската политика дојдоа подоцна, во последниве 20 години, како некаков природен развој на настаните.

Сега со порталот „Независен“ се трудиме со неколкумина неверојатни професионалци, кои се меѓу најдобрите во своите области во Македонија, да го одржуваме квалитетот што забрзано го снемува во журнализмот. Се надевам дека тоа го правиме добро.

    

Најново

Ковачевски: Да испратиме јасна порака дека во Македонија има прогресивни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: Професорка од Куманово, на многу суптилен и перфиден начин ги злоупотребува децата од нејзиното училиште за ширење на руската пропаганда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Самоиницијатива на две момчиња во #Скопје, ги пополнуваат дупките со цел да не се оштетуваат автомобилите

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ВЛЕН Е ДВА ПАТИ ПОРАДИКАЛНА ОД ДУИ?!

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: СКОПСКА ПИЦЕРИЈА ДАВА 70 000 ДЕНАРИ ЗА ПИЦА МАЈСТОР?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НА СИЉАНОВСКА И ДАДОВМЕ 60 000 ГЛАСОВИ 2019-ТА, А ВМРО ДПМНЕ НИ ЗАБРАНИ НАСТАПИ НА ТВ АЛФА И НАРАЧА МЕДИСКА ХАЈКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПОРЕД АПАСИЕВ ЛЕВИЦА ДОПРВА ПОЛАГАЛА МАТУРА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ГОРДАНА ЌЕ ИМА НАД 500 000 ГЛАСОВИ, А ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ИМА НАД 55 ПРАТЕНИЦИ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НЕ Е ТАЈНА ДЕКА ДУИ РАБОТИ НА БОЈКОТ И СИЉАНОВСКА ДА НЕ СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, НО НЕМА ДА УСПЕАТ

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа

Sase Ivanovski

Зајкова: Ние не нудиме лажен патриотизам и гол популизам, туку реални и остварливи проекти

Sase Ivanovski

Маричиќ: Придобивките од Планот за раст на ЕУ надминуваат мандат на една Влада, секој ќе си ја преземе одговорноста ако пропуштиме да го реализираме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ Е УМОРЕН ОД ДОЛГАТА КАМПАЊА, ДАЛИ Е НАСТИНАТ: МИЦКОВСКИ ЕДВАЈ ЗБОРУВАШЕ ВО ИНТЕРВЈУТО НА СИТЕЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈЕБЕШ ЛАМБУРЏИНИ, ВЕРСАЧЕ СИ Е ВЕРСАЧЕ, СИТЕ ГО ЗНААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 80-ТИТЕ ГОДИНИ БИЛЕ СЕКСИ И МНОГУ ЗАБАВНИ

Sase Ivanovski

СПОРЕД СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ЏОН БОЛТОН, ТРАМП 2019-ТА МУ РЕКОЛ НА КИНЕСКИОТ ЛИДЕР КСИ ДА ПРОДОЛЖИ СО ГРАДЕЊЕТО КОНЦ ЛОГОРИ ЗА КИНЕСКИТЕ МУСЛИМАНИ – УЈГУРИ

Sase Ivanovski

ФОТКИТЕ ОД РЕВОЛУЦИЈАТА ДЕНОВИВЕ ВО ГРУЗИЈА НИ ИЗГЛЕДААТ ПОЗНАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИГРАЧИТЕ НА ГЕТАФЕ ИСТРЧАА НА ТЕРЕН СО СВОИТЕ МАЈКИ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Паднаа маските на ЗНАМ и Димитриевски – признаа дека се политички субјект за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

УЛИЦАТА ЛЕНИНОВА ВО ДЕБАР МААЛО БЛОКИРАНА ОД ПАДНАТО ДРВО

Sase Ivanovski

Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, ги повикувам сите граѓани да го одберат број 2 за да ја зачуваме историјата

Sase Ivanovski

Гаши: Бојкотот не е решение за изборот на претседател

Sase Ivanovski

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРУЗИЕЦ Е УБИЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН Ликвидиран е од возило во движење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ВОЗИМЕ СО БОЧВАРСКИ Филипче објави видео од патот Градско – Прилеп

Sase Ivanovski

МНОГУ МИ ЗНАЧИ, ТОА Е ПОТТИКНУВАЧКИ ЧЕКОР Силјановска му заблагодари на Димитриевски за поддршката

Sase Ivanovski

„Престанете со копање по минатото“: Порака на Ковачевски до Мицкоски, Ахмети и Силјановска

Sase Ivanovski

Во чест на Тито одекнаа сирените во 15 часот и 5 минути во Кумровац

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Слушам, СДСМ ќе ги зголемува платите. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува пензиите. Ене ги уште лицитираат со бројки. И бруто домашниот производ ќе расте. И тоа многу ќе расте. Дај нека кажат на кое дрво растат парите, па и ние да одиме да набереме

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува изборни нерегуларности од страна на ДУИ на изборите на 8 мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАГИЧНО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ СЛАВИ ВЕЛИКИ ПЕТОК НА ОСТРОВИТЕ ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈОРГО ОД ДЕМОКРАТИ: ЌЕ УКИНЕМЕ ЗАСТАРУВАЊЕ НА КРИМИНАЛИ НА ПОЛИТИЧАРИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Левицата е СДСМ, а не некој дериват што одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ахмети му порача на Касами да фрли бел пешкир во рингот

Sase Ivanovski

Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Sase Ivanovski

СКОПСКИ ДОКТОР ИЗМАМИЛ ГРАДЕЖНИ МАЈСТОРИ ВО ДЕЛЧЕВО

Sase Ivanovski

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Sase Ivanovski

Килограм јагнешко за Велигден достигна 600 денари

Sase Ivanovski

Димитриевски навести дека ќе гласа за Силјановска

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се поклонивме пред великанот Гоце Делчев со желба за национално обединување

Sase Ivanovski

Ковачевски: Како што Делчев не се откажал, така и ние нема да се откажеме од нашата борба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА СО НЕВЛАДИНАТА МААА ОБУЧИЈА 40 ЖЕНИ ДА ВОДАТ БИЗНИС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе формираме државна компанија која ќе произведува марихуана и опиум и ќе извезува во цел свет!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе воведеме втора смена во администрација, секој после работа да оди да си заврши работа на шалтер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе укинеме патарини, брзи кредити, извршители и коцкарници!

Sase Ivanovski

Спасувачка акција на ЦУК: По неколку часовна потрага пронајден изгубен маж на Палчковица

Sase Ivanovski

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ОВА ТОЧНО?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НА СЛЕДНИ ИЗБОРИ ЈАС ЌЕ БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ЌЕ ГО НАЦИОНАЛИЗИРАМЕ ЕВН, ЌЕ ЛЕГАЛИЗИРАМЕ МАРИХУАНА, СЕ КЛАДАМ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД ЗНАМ НА МАКСО

Sase Ivanovski

Деловни простори за продажба во новиот станбено – деловен комплекс “COSMOPOLITAN”

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Sase Ivanovski

ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ ВО СОСТАВ СИЉАНОВСКА, ТОШКОВСКИ И ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Заседата во Ваксинце, раскажува Димче Манчов, Воени Раскази, Епизода 01, генерал Стојанче Ангелов

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Најубавата глетка на светот е насмеаното дете. Забава за најмалите со велигденски хепенинг на Градскиот плоштад во мое Куманово – благодарност до Социјалдемократската младина од Куманово

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: СРПСКИ ТУРИСТИ НА ПАТ ЗА ГРЦИЈА СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАКАЧИЛ КАМЕЊА ДА ВИСАТ НА ЈАЖЕ НА МОСТ

Sase Ivanovski

Пендаровски положи цвеќе по повод одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ЛЕВИЦА СЕ ИЗГОРЕ ЕДНАШ 2019-ТА СО ПОДРШКА ЗА СИЉАНОВСКА, НЕМА ТОА ДА ГО НАПРАВИМЕ ПАК!

Sase Ivanovski

НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: За олимписките игри во 1936-та во Берлин, по наредба на Гебелс, факелот поминал низ тогашна Македонија во СХС?!?!

Sase Ivanovski

Ковачевски за Сител: Јас сум човек кој не се откажува, ги повикувам граѓаните да гласаат за подобра и европска иднина за државата 

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

Sase Ivanovski

Реакција на ставовите на Венко Филипче од митингот на СДСМ во Радовиш

Sase Ivanovski

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот 

Sase Ivanovski

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

Sase Ivanovski

Мицкоски од Гостивар:  ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Sase Ivanovski

Петрушевски: Голема победа за стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко

Sase Ivanovski

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Sase Ivanovski

„Ќе има влада не со 61 туку со над 70 пратеници“: Најави ли Меџити голема коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ?

Sase Ivanovski

„Тејст атлас“ ги објави 10-те најлошо рангирани македонски јадења: Листата многумина ќе изненади!

Sase Ivanovski

Каде се парите? Маја Стевкова Штериева: Банките не се „галени“ од владите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Слаткар се расплака додека зборуваше за својот татко: Oд него се очекувало да биде се, освен доктор

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Синодот на МПЦ-ОА со демант за професорот Ѓуровски дека владици вршеле агентура за незападни држави

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со Сања 9 години правевме дете, Моша се роди откако престанав да пијам – Подкаст со Слаткаристика

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Дивоградба и нова јама врз клучна цевка на скопскиот водовод во Бутел

Sase Ivanovski

„Керозин 2“ – „Ѓаволот“ ни ора ни копа, ни доволно нафта носи

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ТЕПАЧКА ВО СТУДИО, ЖЕСТОКА ДЕБАТА, ЉУБИША КАРАНФИЛОВСКИ ПРОТИВ БОБИ БОЈЧЕВСКИ

Sase Ivanovski

ВИДЕО Пекески: Изразот „цунами“ и следува на позицијата, по изборите СДСМ ќе се распадне

Sase Ivanovski

„Секогаш и секаде први“ – 30 години баталјон за специјални намени “ВОЛЦИ”

Sase Ivanovski
Вчитувам....