За уметноста
Поп-артот бил можен само во богати општества каде што може слободно да се ужива во ироничната потрошувачка. Во Англија на пример, но не и во Шпанија каде потрошувачката била премногу сериозна.
Смета Сузан Сонтаг.
Во Македонија потрошувачката е пазарска и молска односно претежно егзистенцијална. И не може ниту да прифати ниту да генерира уметност.
Прошетајте низ неколкуте продажни галерии во Скопје и ќе видите какво дно се нуди. Тоа се занаетчиски лоши работи да не говориме за згазеноста на стилот, формата, материјалите, димензиите.
Со чесни исклучоци, се разбира.
Тајкуните се богати со пари, но сиромашни се со дух.
Нивните дострели се цркви, крстови и икони.
То значи дека нешто вредно во уметноста мора да излезе контра Македонија како интерес, пазар и културен потрошувач, а не како израз на Македонија.
Обратно од тоа што го прават повеќето уметници.
Така е и со книжевноста и со новинарството и со филмот.
Со се.
Македонија не хендикепира, драги мои.
И затоа мораме да и го смениме не само името и уставот, туку неа да ја смениме.
Никако поинаку, со никакви средства, никогаш и никој нема да ја направи достоинствена и горда.
Секогаш се смеам кога ќе ми речат: ние во светот не можеме да се претставиме со ништо друго освен со култура.
Молам?