Во посебна изјава, Ентитетот на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените рече дека „по едно дете се повредува или умира на секои 10 минути“ во Газа. Во соопштението се додава дека повеќе од 10.000 жени се убиени во Газа од почетокот на војната, а 6.000 од нив оставиле 19.000 деца без родители.Специјалистот за комуникација на УНИЦЕФ, Тес Инграм, која неодамна ја посети Газа, за време на прес-конференцијата во Женева во вторникот рече дека она што ја погодило е бројот на ранети деца
„Не само во болниците, туку и на улиците, во нивните импровизирани засолништа, продолжувајќи го својот сега трајно изменет живот“, рече таа.