Студентите и професорите на најбројниот факултет во земјава, Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со речиси пет илјади студенти денеска, 22 март, излегоа на протест пред Владата револтирани затоа што немаат услови за нормално одржување на настава. Тие веќе девет години чекаат да се преселат во нова зграда на факултетот.
„Моментално сме над 5.000 студенти и наставата е квалитетна, но мислам дека немаме доволно услови во смисла на училници, предавални и амфитеатри. Учиме во бараки и сметам дека тоа не е доволно така што ни треба нова зграда“, изјави студентка на ФИНКИ на денешниот протест.Бараките во кои се учи на ФИНКИ не можат да ги задоволат потребите на студентите и професорите и затоа се принудени да ги користат предавалните и на соседните Техничко-технолошкиот факултет, Електромашинскиот и на Педагошкиот факултет.Студентите се приморани постојано да се селат од кампус во кампус, а сето тоа прави и предавањата да траат и до 21 часот навечер.Извор/фото: РСЕ