Францускиот парламент во четвртокот вечерта поддржа низа мерки кои ќе ја направат евтината т.н „направи брза мода“, особено од кинеските масовни производители, помалку привлечна за клиентите.
Гласањето ја прави Франција првата земја во светот „која донесе закони за ограничување на ултра брзата мода“, рече Кристоф Бечу, министер за еколошка транзиција, информира Хина.
Клучните мерки вклучуваат забрана за рекламирање на најевтиниот текстил и еколошка такса за евтини артикли. Францускиот пазар за облека е преплавен со евтина увозна облека, додека неколку домашни брендови прогласија банкрот. Но, главните аргументи изнесени од Хоризонс, партија сојузничка на претседателот Емануел Макрон, која го поднесе предлог-законот се еколошки.
„Текстилната индустрија е најзагадувачка“, рече потпретседателката на Хоризонс, Ен-Сесил Виоланд, велејќи дека секторот е одговорен за 10 отсто од емисиите на стакленички гасови и е главен загадувач на водите. Како примерен пример за интензивна модна продукција, таа ја издвои кинеската компанија „Шеин“ и нејзините „7.200 нови парчиња облека дневно“.
Франција ќе примени критериуми како што се количината на произведена облека и брзината на промена на новите колекции при одредувањето што претставува брза мода, според усвоениот закон. По стапувањето во сила на законот, за кој се уште треба да се гласа во Сенатот, прецизните критериуми ќе бидат објавени со указ. Производителите на брза мода ќе бидат принудени да ги информираат потрошувачите за влијанието на нивното производство врз животната средина.