После успешно завршената изградба на „Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион – ШЕПА”, денес се одржа состанок помеѓу изведувачот, надзорот и инвеститорот на проектот, извршен е увид на изведените работи и констатирано е дека објектот е во технички исправна состојба согласно техничката документација.
🐾 Во „Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион – ШЕПА“ ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите девет општини во регионот.
💡 Имплементатор на проектот е Центар за развој на Вардарски плански регион
🐾 Регионалниот центар за згрижување и третман на бездомни кучиња е дел од проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка.
#CHinMK
#EmbassyofSwitzerlandinNorthMacedonia
#Министерствозалокалнасамоуправа
#SustainableandInclusiveBalancedRegionalDevelopment
#RegionalDevelopment
#VardarRegion
Општина Свети Николе / Municipality of Sveti Nikole
Општина Росоман (официјална страна)
Општина Чашка
Општина Демир Капија
Општина Велес
Општина Градско
Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci
Општина Неготино
Општина Лозово