За пензионерите обезбедуваме и многу други финансиски мерки за поддршка, порача Ковачевски, презентирајќи ги пред стружани мерките предвидени во програмата за европска Македонија на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
Ковачевски нагласи дека во изминатиот период СДСМ обезбеди достоинствени примања за пензионерите и ги зголеми пензиските примања за 55%.Јасно ми е дека очекувањата се поголеми, ние сме подготвени да работиме ден и ноќ, додаде тој.
-Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност. , рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски попладнево во Струга