Приведен дилер во Скопје, при претрес во неговиот дом пронајдена марихуана
На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице
На 28.09.2022, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претрес во Куманово, пронајдена марихуана, приведен дилер
На 27.09.2022 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Приведен гостиварец за издржување затворска казна
На 27.09.2022 во 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 33-годишниот гостиварец А.Б. за издржување на затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.